На еден ден пред збогувањето со 2018-та година, инструкторот Игор Довезенски го одржа последниот семинар за оваа година.
Настанот на кој се вежбаа Танто Дори техники имаше хуманитарен карактер, а сите собрани парични средства беа уплатени на сметката на Неделка Чукчуковска. Оваа девојка оставена да се грижи самата за себе, боледува од потешка форма на парализа, а нашето доџо како и многупати досега се обиде да помогне во рамките на своите можности.
На Неделка и посакуваме да ја продолжи својата борба, а истовремено ги повикуваме сите добри луѓе да уплатат парични средства на нејзината сметка.