Семинар за ракување со лак и стрела (Јуми Ја), се одржа во неделата во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.
На настанот присуствуваа 20 учесници, кои ги изучуваа техниките на гаѓање стрелајќи во четири мети и користејќи четири различни видови Лакови.
Освен членовите на Буџинкан Македонија од сите возрасти, учество земаа и тројца „цивили“ односно пријатели на нашето Доџо. Сите беа воодушевени од техниките кои јапонските шиноби воини ги користеле при изведување на своите акции и борбени задачи.
Ова беше последниот Нинџутсу семинар за првото полугодие на 2022 година, со што членовите на „Пат кон Сонцето“ ги почнуваат подготовките за најголемиот настан – Летниот Нинџа Камп.
Има уште само неколку слободни места кои набрзо ќе се пополнат, па затоа доколку сте се двоумеле дали да бидете дел од овој легендарен летен камп – време е да донесете правилна одлука.