Долгогодишната соработка со „Креатива“, каде што нашите инструктори одржуваат редовни часови за јапонска јога, се искачи на уште едно ниво погоре. Во саботата, им организиравме „тим билдинг“, при што имавме неверојатно убав ден, исполнет со многу дружење, активности и авантури.
За разлика од другите, Буџинкан Македонија организира еден поинаков „тим билдинг“, каде што нашите клиенти можат да бират помеѓу најразилни активности.
Прекрасните девојки од „Креатива“ се одлучија за посета на неолитското живеалиште и опсерваторија „Цоцев Камен“, како и на „Коњушката Тврдина“. И двата археолошки локалитети се наоѓаат во близина на нашето Хомбу Доџо. На крајот, следуваше заеднички вегански ручек (нудли со зеленчук) подготвен лично од рацете на учителот Игор Довезенски.
Сите заинтересирани фирми кои сакаат да организираат еден несекојдневен „тим билдинг“ за своите вработени, можат да ни пишат во нашиот инбокс или да ни се јават на 075 564 011.