Вториот по ред меѓународен семинар насловен како БуЈуКаи, викендов се одржа во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“. Настанот, кој се пополни за само два дена од своето официјално објавување, собра на едно место практиканти од дури четири земји: Турција, Австрија, Бугарија и Македонија. Да не беше ограничувањето од 40-сет учесници, најверојатно семинарот ќе беше многу поброен.
Инаку, ова беше втор БуЈуКаи, после првиот кој се одржа во Турција во 2019 година. Настанот, на кој како предавачи се учителите Игор Довезенски (Буџинкан Македонија) и Ерџан Шарбат (Буџинкан Турција), е замислен како собор и споделување на искуството на инструкторите, како и меѓусебно дружење и запознавање на учесниците.
На крајот, учители обзнанија дека третиот по ред БуЈуКаи ќе се одржи во Истанбул, при крајот на октомври (2022), како и дека постои заинтересираност за учество на уште еден учител во овој меѓународен собир.