Вчера во доџото на Буџинкан Македонија се одржа третиот по ред „Детски Нинџа Маратон“. На задоволство на сите, дечињата имаа можност пет саати да вежбаат и да се забавуваат под надзор на нивните Инструктори, како и под будното око на Водачот на „Пат кон Сонцето“ – шидоши Игор Довезенски.
Ова воедно беше последниот маратон за првото полугодие, а следните ќе продолжат дури во ноември. Меѓутоа, Нинџа Клинци-те сега ги очекува пролетната екскурзија во Хомбу-то на Организацијата, како и најдобриот настан што се организира специјално за нив: „Детскиот Нинџа Камп“.
А дотогаш, дечињата ќе продолжат со напорната работа со цел да се усовршат и оспособат за многуте предизвици со кои неминовно ќе се сретнат во текот на понатамошниот развој и живот.
Продолжуваме одговорно да чекориме по Патот.