На покана од тренерот на ММА клубот „Стршлен“, д-р Синиша Стојаноски, инструкторот Игор Довезенски денес одржа целодневен семинар за Нинпо Не Ваза. На семинарот се обработуваа техники за позиционирање на земја, транзииции, техники на контрола, техники на давење, како и техники на лостови на зглобовите на противникот.
За време на тренингот, членовите на клубот „Стршлен“ максимално се трудеа да ги „впијат“ техниките кои им беа покажани, а при тоа им асистираа и двајца ученици на Буџинкан Македонија. Иако, првиот саат од тренингот помина со мала доза на недоверба, како што изминуваше времето, учесниците почнаа се повеќе да покажуваат респект, за на крајот целиот семинар да заврши во одлична пријателска атмосфера. Дружењето беше прекрасно, а бариерата срушена целосно, со што се отвори пат за понатамошна соработка.