Вчера во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа последниот семинар за оваа година, на тема: „Шинкен Гата Чика Мааи Хеихо“ или во слободен превод: „Стратегија за блиска борба“. На семинарот учествуваа 14 наши членови кои пет часа без престан ги вежбаа овие брзи и динамични техники.
По завршувањето на семинарот, учесниците ги споделија своите впечатоци, па еве Ви пренесуваме мал дел од нив:
– После овој семинар, крвта со часови не престана да врие во жилите – Зоран Т.
– Семинарот беше исполнет со позитивна енергија и страст за повеќе знаење. По завршувањето се чуствував среќен и целосно исполнет – Таки Г.
– Овде зборуваме за тренинг, за желба и насмевки и по пет часовно удирање, паѓање, фрлање. Зборуваме за дисциплина и послушност, за почит кон постарите и помладите. Зборуваме за учител кој без грешка ги изведува техниките и кој будно го следи секој наш удар, блок и однесување. Зборуваме за среќни, насмеани, весели и енергични луѓе, за едно големо семејство. Со вакви ученици, со ваков тренинг, со ваков учител, добриот семинар е неизбежен – Марко О.
– Одличен семинар како и секогаш. Пет часа жесток тренинг, потење, удари, блокови, ослободувања, соборувања, контрола и се по ред. Борба со противник и контролирање на ситуацијата околу себе. Сите што присуствуваа се внесоа максимално во секоја техника, од почетниците до постарите, а кога ќе се внесеш така во тренингот, тие пет часа поминуваат како пет минути – Влатче А.
– Нема сл’нце ваадан, ама денот убав беше и убаво се испотиме. Сенсеи најголемо благодарам за прекрасниот крај на 2013 година – Ристо Рики Разбираш (Богданци).
– Семинарот беше неверојатно добар, многу научивме, нешто повторивме и се што вежбавме гледав да го направам колку што е можно подобро. После првите два часа, концентрацијата малку ми се намали и добив 5 – 6 удари по телото, но набргу се повратив назад. Се заблагодарувам за семинарот. Кога би можел да ја бирам следната тема, би одбрал нешто слично, повторно да се истепаме и истраскаме – Михаил Д.
– Ова е наш втор семинар и навистина си поминавме прекрасно. Особено ни се допаѓа пријателскиот однос и посветеноста кај учесниците. Единствена наша забелешка е што би сакале уште почесто да се организираат вакви настани – Маја и Ангела.