Одржан семинарот Нинпо Не Ваза®

Posted on Categories Почетна

Викендов што измина во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа
семинарот за Нинпо Не Ваза (нинџа техники на борење на земја). На
настанот учествуваа 20 ученици кои во текот на двата дена неуморно го
впиваа знаењето пренесено од инструкторот Игор Довезенски.

Во
саботата се вежбаа основните положби на телото, основните премини и
техники на контрола на противникот, додека неделата беше резервирана за
начините на совладување на напаѓачот преку давење и полуги на рацете и
нозете.

Поради големиот интерес на учениците, беше договорено следната недела да се одржи уште еден семинар на истата тема.

Семинар за Нинпо Не Ваза®

Posted on Categories Почетна

Во Доџо-то за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“, отсекогаш се посветувало внимание на Не Ваза односно на техниките на борење на земја. Во вештините наследени од Такаматсу, овие техники најмногу се застапени во Такаги Јошин Рју и Шинден Фудо Рју. Многу од катите на овие две школи, завршуваат со техники на давење и лостови во лежечка или во седечка положба. 


Денешните популарни спортови и вештини, како што се ММА и БЏЏ, ги користат техниките за борба на земја за да победат на борилиштата ширум светот. Во минатото, истите техники биле користени од страна на јапонските воини со цел да преживеат во турболентните времиња и секојдневието. Во Нинпо Не Ваза, се уште се користат техники кои се забранети во спортската борба, меѓутоа се крајно ефикасни во ситуациите кога животот е во опасност. 


Инструкторот Игор Довезенски ќе одржи семинар за Нинпо Не Ваза, наменет исклучиво за членовите на организацијата Пат кон Сонцето, без разлика на звањето или вештините што ги тренираат.


Датум: 23/24 ноември 2013


Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)


Време: 11:00 – 15:00 (сабота и недела)


Тема:


-Нинпо Не Ваза но Кисо (сабота)

-Нинпо Не Ваза но Џокјуу (недела)


Семинарска такса: симболични 300 денари (за двата дена)


* Средствата собрани од семинарот ќе бидат донирани. За да се одржи овој настан, потребно е да се пријават најмалку 10 учесници. 


Повеќе информации за Нинпо Не Ваза —>тука

Одржан семинарот со шиханот Антонино Черта

Posted on Categories Почетна

Единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикиџуџутсу, Антонино Черта, викендов што измина одржа семинар за учениците на Даито рју Македонија – Корју Доџо.

Настанот беше подржан од страна на Организацијата за изучување на јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето, а на него учествуваа вкупно девет нејзини членови.

Како и секогаш, сенсеи Черта несебично се трудеше да го пренесе своето знаење навлегувајќи во најситните детаљи од катите на Никкаџо. Учесниците цело време вежбаа напорно и не се штедее ниту за миг.

За време на семинарот, шиханот Черта и официјално ја додели дипломата за шодан и лиценцата за шибу чо на неговиот претставник за Македонија, Игор Довезенски.

На крајот, сакаме да изразиме голема благодарност до нашиот учител Антонино Черта и да му посакаме одлично здравје. Следната година се гледаме повторно во Македонија.

Одржана петтата Работилница за Самоодбрана за Жени®

Posted on Categories Почетна

Вкупно 11 учеснички, од кои девет членови на Буџинкан Македонија и две гостинки, викендов ги совладуваа техниките на самоодбрана во Хомбу Доџо-то на организацијата Пат кон Сонцето.  

Во текот на саботата, се одржаа два тренинга. Првиот беше посветен на ослободување од зафати за раце и тело, додека на вториот се разработуваа техники на самоодбрана додека жртвата седи на стол.

Во неделата, се изучуваа борбени техники на земја, како и начини на справување со напад кога напаѓачот ќе ја притисне жртвата до ѕид.

За време на целиот настан, во доџо-то владееше неверојатно позитивна атмосфера, а насмевката ниту за миг не се симна од убавите лица. Иако на техниките им се пристапи со огромно внимание, сепак хуморот постојано се провлекуваше и дополнително ги мотивираше учесничките.

Слободното време, дамите го искористија за шетање низ убававата природа што се наоѓа околу доџо-то на Пат кон Сонцето, а инструкторот Довезенски се трудеше да им го направи секој миг посебен.

На крајот беше договорено од 2014-та да има два настани годишно кои ќе бидат посветени исклучиво на припадничките на понежниот пол.

Работилница за Самоодбрана за Жени® V

Posted on Categories Почетна

На почетокот на 2008 година, Организацијата заизучување а јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето, за прв пат во Македонија организираше работилница за самоодбрана за жени. Оттогаш, па наваму, многу клубови се обидоа да организираат некакви слични настани, меѓутоа квалитетот и посетеноста што ги постигнавме останаа недостижни.

Оваа година, на 26/27 октомври, ќе ја одржиме петтата по ред Работилница, со наслов: „Жените против насилството“.

Иако настанот се организира првенствено за нашите членки, добредојдени се сите припаднички на понежниот пол, без разлика на годините и на нивото на знаење.

Потребна опрема: тренерки и маица (без патенти и копчиња). Се вежба на душеци (боси). За сите учеснички обезбедено е бесплатно спиење во доџо-то.

Датум на одржување: 26/27 октомври, 2013

Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо

Дополнителни информации: 077 976 906 или на е-маил: daito_macedonia@yahoo.com


Одржан Патот на Шугенџа® VII (Последното Патување)

Posted on Categories Почетна

Педесет и осум километри за 12 часа, изодеа учесниците на семинарот Патот на Шугенџа, што се одржа во текот на вчерашниот ден.
 
На
„Последното Патување“, се пријавија 13 членови на Буџинкан Македонија и
двајца гости од страна. За жал, на половина пат од предвидената рута,
едниот од нив поради појава на здраствени проблеми, предизвикани од
големиот напор, мораше да се откаже.  
Семинарот започна во
08.00 часот, кога по кратки подготовки, групата се упати кон падините на
Липац. По едночасовно искачување, се пристигна во Бељаковскиот
Манастир, а потоа учесниците се упатија во правец на југ, кон Пезово. На
половина пат до селото,  кај еден од учесниците на семинарот, почнаа да
се јавуваат здраствени проблеми, по што шидоши Довезенски мораше да го
забави темпото на движење. Со свртување кон југоисток, групата се упати
кон селото Татомир, каде што изнемоштениот беше испратен со автомобил во
Скопје. Поради непланираниот застој, дојде до мала измена на првичниот план, па наместо крајната точка да биде Скала, групата направи кружен лак кон север движејќи покрај западниот дел на Секулица. Со постепено намалување
на надморската висина, учесниците се спуштија кон коритото на Крива
река во селото Шопско Рударе. Движејќи се кон запад, преку Коњух, тие
навлегоа во селото Бељаковце. Пет километри пред стартната точка, во
чест на Последното Патување, членовите на Буџинкан Македонија направија
педесет склекови со полна опрема на себе, а потоа ги изодеа и последните
километри. По пристигнувањето на почетната точка од рутата, шидоши
Довезенски овој седумгодишен подвиг го прогласи за затворен.

Пресметките
направени со помош на воените карти и со помош на сателитската
навигација, покажаа дека за точно 12 часа, се изминаа 58 километри по
ридско-планински и тешко прооден терен

Патот на Шугенџа® VII (Последното Патување)

Posted on Categories Почетна

11092013071009shugendobre1.jpgВоините од доџо-то за традиционални јапонски боречки вештини, Буџинкан
Македонија, оваа година за последен пат ќе појдат на духовното патување наречено „Патот
на Шугенџа“.

После седум години од првиот марш, шидоши Игор Довезенски одлучи дека е време и овој настан да замине во „историјата“ и да се придружи на останатите подвизи по кои Буџинкан Македонија е позната.

За што поточно станува збор?
Дваесетина ден пред одржувањето на настанот, инструкторот Довезенски постела географска карта на Македонија на земја, а потоа со заврзани очи посочува кон одредено место. Потоа со линијар се повлекува правец од почетната до крајната точка. Подоцна учесниците на семинарот се движат по таа патека, без разлика на условите на теренот. Во просек, рутата која што се изодува изнесува околу 50 километри, а рекордот беше поставен во 2009 година, кога членовите на Буџинкан Македонија изодеа 80 километри за 15 часа и 40 минути.

Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите
помеѓу човекот и
природата. Шугендо значи „Пат преку вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
достигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.

За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел во близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по 11092013071035Skala.jpgпланинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Некои учени веруваат дека токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.

Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување

Ден: 29 септември, 2013 (недела)

Место: Липац – Секулица (Скала*) – Липац

Програма:
07.00 часот – поаѓање од Скопје
08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
Враќање назад – само Господ знае!

Опрема: Земете се што сакате. Се е на Ваша одговорност и совест.

п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд, невреме и останати непредвидени работи. Секој доаѓа на сопствен ризик. Пред да се пријавите, проверете ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.

* на долната фотографија е најодалечената точка на патувањето, местото наречено Скала.

Септемвриски уписи во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

17082013031818Reklama876.jpgШколото за јапонски традиционални борбени вештини,
Буџинкан Македонија, од втори септември започнува со уписи на нови членови.

Тренинзите се одржуваат во вторник, четврток и сабота,
под водство на реномирани инструктори со долгогодишно искуство и лиценцирани
директно од водачот на меѓународната организација Буџинкан Доџо, д-р Масааки
Хатсуми.

Ја известуваме јавноста, дека во последно време во
Република Македонија се појавија многу лажни клубови кои тврдат дека ги
предаваат вештините на Буџинкан. Пред да почнете да вежбате во некои од нив,
задолжително побарајте од инструкторот да Ви ја покаже лиценцата (шидоши
менкјо) за подучување, дипломата за 5-ти дан, како и годишната картичка за
членство во организацијата. Задолжително пребарајте на интернет и видете како
истите изгледаат. Без тие документи, никој не смее да отвори нинџутсу доџо и да
го користи името на организацијата Буџинкан. Секој изговор за недостатокот на
споменатите документи, претставува обид на „инструкторот“ да Ве излаже и да
побегне од вистината.

Школото за борбени вештини Буџинкан Македонија е
единствениот претставник во нашата држава за Буџинкан (Нинџутсу), а доџо-то
непрекинато работи уште од 1995 година. Инструкторот Игор Довезенски (шидоши) е
единствениот лиценциран учител со 25-годишно искуство во класичните јапонски
борбени вештини, а
соработува и членува во повеќе реноморани корју организации.

Покрај титулите во Буџинкан, шидоши Довезенски е носител
и на звања во Даито рју Аикиџуџутсу (шидоин), а од неодамна започна да ја
изучува и најстарата јапонска борбена јапонска школа – Катори Шинто рју
Буџутсу.   

Иако уписите во доџо-то траат во текот на целата година,
сепак најидеално е да се отпочне со тренинг во септември, бидејќи тогаш се
формира компактна група на почетници.

Сите идни членови можат да добијат повеќе информации преку
нашата електронска пошта: daito_macedonia@yahoo.com или на телефон: 071 277 457.

Ве очекуваме.

Одржан Летниот Нинџа Камп V

Posted on Categories Почетна

Токму по фанатичниот тренинг и прекрасното15082013042849Grupna%20Fotka1.jpg дружење ќе бидат
запаметени деветте дена на петтиот по ред Летен Нинџа Камп, организиран од
страна на Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Македонија.

И овој пат, место извештај, ќе Ви пренесеме дел од
импресиите на учесниците:

– Јас сум воодушевен од
кампот и од активностите. Многу работи ми оставија одличен впечаток, но ќе ги издвојам екпедицијата низ реката, ноќните акции и последната ноќ помината со смеење. Да не заборавам, голем „позитивен“ впечаток остави и еден
бокен на мојата глава :). Школата што ја работевме многу ми се допадна, а знаењето ќе ми помогне за моето следно полагање за 9 кју. (Таки Г.)

– Секој ден ми беше многу убав и позитивен. Не можам да ги опишам ноќните тренинзи, кои беа неверојатно добри, а исто така, водопадот на браната и капењето во реката ми оставија добар впечаток. Последната ноќ беше одлична, а особено пченката на скара, смеата, пивото и дружењето. (Михаил Д.)

– Ова е
мој 5-ти камп и на сите сум си поминал одлично. Но овој ми беше најуспешен досега. Дадов се од себе и извежбав со максимални 100%.
Храната беше одлична како и секогаш, а следствено на тоа и одењето во „кабината“ задоволителна. Ти благодарам сенсеи за мотивацијата, за несебичноста при предавањата и на лекциите и подршката. Благодарност и на сите што гинеа за нашите стомаци да бидат полни. Се гледаме следната година!!! (Тоше А.)

– Ова беше мојот прв камп, но
дефинитивно нема да биде последен. Поминав девет незаборавни денови и осознав многу нови работи за животот. Тренинзите беа одлични, школата беше перфектна, а посебно ми беа интересни ноќните акции. Храната беше неверојатно вкусна и
со душа го чекав секој оброк. А за последната ноќ немам што да
кажам…релаксирање покрај оган со печена пченка и пивце под отвореното
звездено небо под Липац. Совршено!!! 
И на крај, голема благодарност до Вас сенсеи за подршката, но најмногу за критиките кои ми ги напишавте на едно мало парче хартија. Се надевам дека нема да ве разочарам. (Драгана Л.)

Летен Нинџа Kамп V

Posted on Categories Почетна

31072013073633lmamp1.jpgУште само четири дена не раздвојуваат од стартот на петтиот по ред Летен Нинџа Камп во организација на Школото за класични јапонски борбени вештини – Буџинкан Македонија.

Како и секоја година, кампот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 12-ти август, во хомбу доџо-то на организацијата Пат кон Сонцето, а сместено во долината под планината Липац.

Додека некои наши членови го користат август како единствен месец за одмор од напорните тренинзи, други му дават приоритет на Летниот Нинџа Камп на Буџинкан Македонија. Така, тренинзите продолжуваат со уште посилно темпо, „засилени“ со неверојатно добра забава и дружење. 

Овој настан е отворен за сите, без разлика на припадноста, стилот или степенот во одредена боречка вештина. Ова е шанса одблизу да се запознаете со нашата работа и да се дружите со членовите на Буџинкан Македонија.

Остануваат уште неколку дена за пријавување.

Повеќе информации тука:

http://camp.bujinkan.mk/index.php?p=camp&lang=