Ниските температури што оваа година ја зафатија нашата земја се идеални за одржување на петтиот по ред „Зимски Нинџа Тренинг“. За време на овој настан, членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваат техниките на преживување во природа во зимски услови. Деновиве, кога живата на термометарот се спушти и до -20 целзиусови, кога земјата е покриена со снежна покривка, а неретко дува и ветер, се како порачани за сите кои сакаат да се соочат со предизвиците предизвикани од ладното и сурово време.
Категорија: Почетна
Категорија news
Извештај за 2014 година
Нескромно можеме да кажеме дека годината што измина беше една од најуспешните во историјата на Буџинкан Македонија, како и на Организацијата за изучување на јапонски класични боречки вештини „Пат кон Сонцето“. Карактеристично беше „испливувањето на површина“ на некои помлади ученици, кои со својата пожртвуваност и посветеност, полека но сигурно си го заземаат своето место во нашето доџо.
Да почнеме со меѓународните семинари. Во април организиравме неколкудневен семинар за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу, под водство на нашиот ментор за оваа најстара борбена јапонска школа, шидоша Ерик Лоув. Со него, од Холандија допатуваа и шесторица негови постари ученици. Покрај нив, учество на настанот земаа и гости од Грција и Албанија, кои за прв пат имаа можност да се сретнат со оваа прекрасна вештина.
Што се однесува до домашните семинари, оваа година ги имаше во изобилство. Така, од интензивните, во нашето Хомбу Доџо одржавме вкупно шест, додека од семинарите во природа, беа организирани и успешно реализирани вкупно седум. Во скопското доџо на Буџинкан Македонија, исто така беа организирани шест, со што се заокружува бројката од вкупно 19 семинари, на кои учителот Игор Довезенски несебично го предаваше своето знаење на членовите на нашата Организација.
Како поспецифични настани за 2014-та година ќе ги издвоиме: традиционалниот семинар „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“, каде што членовите на доџо-то повторно два дена ја вежбаа мечувалската школа „Оно ха Итто рју – Такеда ден“ под врвот на митската планина Липац и преспаа во конаците на преубавиот Бељаковски Манстир. Потоа, незаобиколно мора да се спомене новиот настан познат под името „Живот во Дивината“, кој оваа година за прв пат беше организиран и кој остави неверојатен впечаток кај учесниците. Секако тука е и „Работилницата за Самоодбрана за Жени“, која што традиционално се одржува секоја година во октомври и која што е наменета пред се за припадничките на понежниот пол. И на крајот, би го споменале најголемиот од сите настани, а тоа е деветодневниот „Летен Нинџа Камп“.
Во нашето доџо за Даито рју Аикибудо, во 2014-та година беа организирани три интензивни семинари за Аикиџуџутсу. Еден од нив беше одржан во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“, додека другите два во доџо-то во Скопје. Вреди да се спомене дека последниот интензивен семинар беше во траење од цели шест дена. Веќе за пролет, следната година, договорена е посета на нашиот учител Антонино Черта.
Оваа година ќе ја паметиме и по тоа што Буџинкан Македонија доби уште еден шидоши хо (помлад инструктор) односно нашиот долгогодишен член Зоран Тодоровски успешно положи за мајсторски степен шодан (прв дан), а шидоши Игор Довезенски ја напиша и ја објави првата книга во Македонија посветена на класичните јапонски боречки вештини, а со наслов „Разговор со учениците“.
Истата можете да ја набавите во kupikniga.mk
Доколку треба да го издвоиме најважниот настан во изминатава одина, тоа дефинитивно е патувањето на учителот Игор Довезенски во Јапонија. За да не се повторуваме повторно, повеќе информации за тоа можете да прочитате —-> тука
Во однос на присутноста во медиумите и оваа година се појавивме во неколку медиуми „со душа“, како што Игор Довезенски ги нарекува „малите“ списанија и портали. Ќе ги издвоиме интервјуата дадени за „Теа Модерна“, потоа за рубриката „БукБокс“ на офф.нет.мк, како и интервјуто дадено за бизнис порталот bi.mk
Наспроти тоа, повторно беше одбиена соработката со сите големи и гломазни медиумски машинерии кои безобразно, вулгарно и нападно и сервираат на македонската јавност патетични играни серии и шунд-забавни емисии наменски продуцирани во некои соседни земји, а на штета на македонската култура и традиција.
На крајот, сакаме да им честитаме на сите наши членови кои на завчерашното полагање покажаа одлично знаење и се здобија со повисоки звања. Особено сме горди на нашите членови кои се стекнаа со Пофалници за нивниот труд. Во текот на целата година, Тодор А. и Кристијан М. не пропуштија ниту еден редовен час одржан во нашето доџо, додека Таки Г. имаше само еден изостанок.
Темата за 2015-та година во Буџинкан Македонија ќе биде „Џиссен Гата“.
На сите наши членови им посакуваме уште поголем успех во годината што следи.
Нинпо Иккан!
Одржан семинарот „Тогакуре рју Нинџутсу - Кихон ваза Кеико хо“
Во саботата што измина, беше одржан последниот семинар за оваа година насловен како: „Тогакуре рју Нинџутсу – Кихон ваза Кеико хо“.
Тогакуре рју Нинџутсу - Кихон ваза Кеико хо
Како што самиот наслов кажува, на овој еднодневен семинар ќе се вежбаат основните техники на нинџутсу школата Тогакуре рју. Според планот за работа, за време на настанот предвидено е инструкторот Игор Довезенски да ги запознае своите ученици со начинот на кој Тогакуре рју се вежбаше во организацијата „Буџинкан“ кон крајот на осумдесетите односно на почетокот на деведесетите години на минатиот век, поточно во времето кога водачот на Буџинкан Македонија го започна патешествието кое што се уште трае до денешните дни.
Датум: 20 декември (сабота) 2014
Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)
Време: 11:00 – 15:00
Тема:
-Тогакуре рју Нинџутсу – Кихон ваза Кеико хо
Одржан семинарот „Нинпо Не Ваза® - Џу Јоку Го О Сеису“
Почетници, напредни членови, но и професионални борци – сите си помагаа и соработуваа за време на денешниот Нинпо Не Ваза семинар. Атмосферата беше неверојатна, а прозорците постојано кондензираа и по нив течеше вода предизвикана од напорниот тренинг.
Еднодневен семинар за Нинпо Не Ваза® - Џу Јоку Го О Сеису
Одлучни секогаш да посветиме доволно внимание на сите аспекти на одбраната, Доџо-то за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“ организира еднодневен семинар за Нинпо Не Ваза (техники за борење на земја).
Иако денес овој начин на борба е популарен пред се поради користењето во мешаните борачки спортови и успехот на турнирите како што е УФЦ, во минатото истите техники биле користени од страна на јапонските воини со цел да преживеат во турболентните времиња и секојдневните борби.
Во Нинпо Не Ваза, воглавно се користат техники кои се забранети во спортската борба, меѓутоа се крајно ефикасни во ситуации кога животот е во опасност.
Инструкторот Игор Довезенски ќе одржи семинар за Нинпо Не Ваза, наменет исклучиво за членовите на организацијата „Пат кон Сонцето“, без разлика на звањето или вештините што ги тренираат.
Датум: 06 декември (сабота) 2014
Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)
Време: 11:00 – 15:00
Тема:
-Нинпо Не Ваза – Џу Јоку Го О Сеису (мекотијата ја контролира силата)
Повеќе информации за Нинпо Не Ваза —>тука
Одржана Работилницата за Самоодбрана за Жени® VI
Иако по бројот на учеснички најмала досега, според атмосферата, квалитетот и содржината, шестата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“ воопшто не заостануваше од претходните.
Работилница за Самоодбрана за Жени® VI
Таа година, Организацијата за изучување на јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, за прв пат во Македонија организираше ваков настан и оттогаш Работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.
На 25/26 октомври, ќе се одржи шестата по ред Работилница, со наслов: „Со контрола – до победа“
Иако настанот започна да се организира првенствено за нашите членки, низ текот на времето се поголемо учество земаа сите припаднички на понежниот пол, без разлика на годините или на нивото на знаење.
Потребна опрема: тренерки и маица (без патенти и копчиња). Се вежба на душеци (боси). За сите учеснички обезбедено е бесплатно спиење во доџо-то.
Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо (62 км. од Скопје)
Одржан семинарот „Нихон но Канкаку“
За време на семинарот насловен како „Нихон но Канкаку“, шидоши Игор Довезенски се обиде да пренесе дел од катите што тој ги научи од своите учители за време на неодамнешното усовршување во Јапонија. Покрај тоа, тој си зададе задача да пренесе малку и од личните чувства здобиени во текот на патувањето во Земјата на изгрејсонцето.
„Нихон но Канкаку“ семинар
По враќањето од Јапонија, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема „Нихон но Канкаку“ (Чувството од Јапонија).
На семинарот ќе се обработуваат техниките што инструкторот ги изучувал за време на усовршувањето кај своите учители во Земјата на изгрејсонцето.
Покрај техниките од школите на Буџинкан и од Даито рју, инструкторот Довезенски ќе подучува и кати од други кобудо рју-ха кои ги вежбал за време на престојот во Јапонија.
За време на вечерните часови, ќе бидат презентирани фотографии и снимки кои инструкторот ги направил во разните доџо-а, музеи и храмови, како и при посетата на гробовите на Иизаса Чоисаи Иенао (основачот на Катори Шинто рју) и на Оно Џироемон Тадааки (основачот на Оно ха Итто рју).
На семинарот се поканети сите, без разлика на звањето или на стилот што го вежбаат.
Ден: 11/12 октомври (2014)
Место: Пат кон Сонцето – Хомбу Доџо
Потребна опрема: кеико ги и хакама (за јуданши), бокуто (катана и вакизаши), бо, ханбо, кусари фундо (од јаже) и кунаи (дрвено). Доколку на некого му недостасува дел од опремата, ќе може да ги користи тие на доџо-то.
Програма:
-прв тренинг: 10.30-13.30
-втор тренинг 17.30-20.30
-видео презентација и предавање од 21.00
Недела:
-прв тренинг: 09.30-12.30
-втор тренинг 15.30-17.30
Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.