Одбројувањето започна. За една недела стартува седмиот по ред „Летен Нинџа Камп“, овој пат под името Интернационален Летен Корју Камп VII. Освен Игор Довезенски, оваа година ќе има уште еден предавач на настанот, а тоа е Сергеј Бабкин од Русија – мајстор за Кукамишин рју Хјохо и за Катори Шинто рју Буџутсу.
Кампот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 12-ти август, во хомбу доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“, а сместено во долината под планината Липац.
Вообичајно август е единствениот месец кога членовите на Буџинкан Македонија се одмораат од напорните тренинзи, меѓутоа еден дел од нив секогаш дават приоритет на жестокиот тренинг дури и со уште позасилено темпо во овој летен период.
Освен силниот интензитет по кој нашиот летен камп е познат, мора да се спомене и одличното дружење и забава, па затоа ги повикуваме сите, без разлика на стилот или степенот во одредена боречка вештина, да земат учество и да се запознат со нашата работа одблизу.
Остануваат уште неколку дена за пријавување.
Повеќе информации тука: http://hombu.koryu.mk/article/show/656