Десет припаднички на
поубавиот пол, речиси сите членки на хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија, успешно
ги совладуваа техниките на борба за време на денешната “Работилница за
самоодбрана за жени“.
Како што е веќе познато,
овој настан се одржува на секои две години, а наменет е специјално за девојките
односно жените од нашето школо, со цел подобро да се запознаат со принципите и
начинот на борба на легендарните јапонски воинки познати под името куноичи.
Темата на овогодинешната Работилница беше „Скриените оружја во женската
чантичка“. За таа цел, инструкторот Игор Довезенски ги одбра
предметите кои се неизбежен детаљ во секоја женска чанта и со секој од нив
демонстрираше по три техники. Потоа девојките ги вежбаа движењата меѓу себе, а сите
имаа можност техниката да ја испробаат преку реален напад од страна на семпаи
Марјан Прошев.
Четирите саати „летнаа“ неверојатно брзо, што за учесничките беше знак дека Работилницата
поминала во многу забавна атмосфера. На
крајот беа доделени сертификати за учество, со цел учесничките да имат спомен
од овој прекрасен настан.
Што се однесува до нашите дами и до нивната подготвеност, може да се каже дека
нивниот напредок во јапонските класични борбени вештини со секоја година е се повидлив и
поочигледен, а нивниот капацитет и талент се на многу високо ниво.