Вториот „Детски Нинџа Маратон“ повторно донесе радост и смеа на детските лица. Овој пат со нови техники и нови игри за нашите најмали членови.
На петчасовното дружење овој пат предаваа семпаи Таки Гаковски со асистенција на кохаи Филип Трајановски, како и водачот на Буџинкан Македонија, шидоши Игор Довезенски.
Последниот „Детски Нинџа Маратон“ за првото полугодие во 2018-та ќе се одржи во февруари.
Се гледаме повторно за еден месец!