Инструкторот Довезенски на семинар кај легендарниот боречки уметник Марио Тополшек

Posted on Categories Почетна

Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, заедно со својот ученик и член на Даито рју Македонија, Ангел Миланов, викендов учестуваа на семинар воден од легендарниот балкански боречки уметник – Марио Тополшек. Настанот се одржа во Белград, Република Србија, а на него учествуваа над 80 луѓе.

Сите кои се родени во седумдесетите години на минатиот век, многу добро се сеќаваат на мајсторот Тополшек. Тој е роден 1942 година во Загреб, а на јавноста најмногу и е познат како човекот кој од Окинава во Европа го донесе силниот стил на Карате – Уечи рју.
Марио Тополшек исто така е еден од одговорните за почетоците на кинеските вештини Чи Гонг и Таи Чи Чуан на балкансите простори. Секако, неизбежен е фактот и дека тој е еден од првите автори на книги за боречки вештини на Балканот, како и првиот автор кои напиша книга за нинџутсу во поранешна Југославија.
Основач е на Европската Уечи рју Карате Федерација, како и на Интернационалната Таичигонг Академија со седиште во Прага (Чешка Република).

Токму поради сите овие заслуги, но најмногу поради книгите со кои растел во детството и оставиле силен печат, Довезенски отпатува за Белград и како единствен странец на семинарот го испочитува човекот кој врежа неизбришлива  трага во развојот на многу генерации Будоки родени во тоа време. При разделбата, Тополшек му ја подари на Довезенски својата последна напишана книга.

Уште да напоменеме дека за време на семинарот Тополшек предаваше разни техники на дишење, на стимулирање на енергијата преку разни движења, потоа начини на канализирање на енергијата, како и техники на акупресура.
Сетоа тоа знаење ќе биде искористено и засекогаш сочувано како нешто вредно кое треба и понатаму да се пренесува на генерациите кои доаѓаат.