Вчера се одржа семинарот насловен како „Одбрана од напад со нож“, при што учество земаа 12 членови на Буџинкан Македонија.
После минатомесечниот семинар за борење во ситуација кога двајцата опоненти поседуваат исто оружје, неминовно беше да се одржи и овој – кога жртвата е голорака.
За време на настанот се вежбаше самоодбрана од разни ситуации, како што се напади со нож од различни правци, како и техники кога противникот се заканува со ова опасно оружје држејќи го потпрено и подготвено на некој дел од нашето тело.
На крајот од настанот учениците на Буџинкан Македонија дојдоа до заклучок дека ваквите семинари за самоодбрана при напад со нож треба што почесто да се одржуваат, токму поради потребата и опасноста што ја носи денешницата.