Учителот на Буџинкан Македонија повторно предавач на Интернационалниот БуЈуКаи во Србија

Posted on Categories Home

Традиционално на средината на септември, учителот на Буџинкан Македонија подучува на српскиот БуЈуКаи што секоја година се одржува во гратчето Нови Бечеј, кое се наоѓа во северниот дел на нашиот сосед.

Настанот кој е замислен како собир на членовите на Буџинкан од земјите на Југоисточна Европа и на кој предаваат девет инструктори од неколку европски земји, секоја година привлекува се повеќе учесници.

Оваа година, учителот Игор Довезенски ја предаваше школата Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, а на молба на организаторот, во петокот одржа и дополнителен тренинг на кој ја подучуваше самурајската школа Даито рју Аикиџуџутсу.

Како и секогаш. предавањето на Довезенски е проследено со грмогласен аплауз и воодушевување, а по тренингот дузина учесници од различни земји му приоѓаа со желба да се запознаат лично и да се фотографираат со него.

Заедно со учителот, секоја година на семинарот учество земаат и членовите на Буџинкан Македонија, кои исто така предизвикуваат внимание со својата желба и посветеност кон Нинџутсу.

Промоција во Србија на првиот Буџинкан манга (стрип) во светот

Posted on Categories Home

Во рамките на манифестацијата “Здивот на Јапонија“, која е организирана со поддршка на градот Нови Бечеј (Србија), во саботата беше одржана промоција на првиот Буџинкан манга (стрип) во светот „Такаматсу во Кина“.

Настанот се одржа во просториите на градската библиотека во малиот и преубав град што се наоѓа на северот на Република Србија, а авторот Игор Довезенски имаше прилика да одговари на многубројните прашања поставени од модераторите на манисфестацијата, како и од страна на публиката.

Промоцијата привлече и новинари од локалните телевизии и портали кои направија неколку интервјуа со Довезенски.

Во моментов, авторот заедно со таленитараниот уметник Таки Гаковски, работат на третиот дел од серијалот што го опфаќа животот на последниот јапонски оперативен нинџа Тошитсугу Такаматсу за време на неговите авантури во Кина.