Во рамките на манифестацијата “Здивот на Јапонија“, која е организирана со поддршка на градот Нови Бечеј (Србија), во саботата беше одржана промоција на првиот Буџинкан манга (стрип) во светот „Такаматсу во Кина“.
Настанот се одржа во просториите на градската библиотека во малиот и преубав град што се наоѓа на северот на Република Србија, а авторот Игор Довезенски имаше прилика да одговари на многубројните прашања поставени од модераторите на манисфестацијата, како и од страна на публиката.
Промоцијата привлече и новинари од локалните телевизии и портали кои направија неколку интервјуа со Довезенски.
Во моментов, авторот заедно со талентираниот уметник Таки Гаковски, работат на третиот дел од серијалот што го опфаќа животот на последниот јапонски оперативен нинџа Тошитсугу Такаматсу за време на неговите авантури во Кина.