Традиционално на средината на септември, учителот на Буџинкан Македонија подучува на српскиот БуЈуКаи што секоја година се одржува во гратчето Нови Бечеј, кое се наоѓа во северниот дел на нашиот сосед.
Настанот кој е замислен како собир на членовите на Буџинкан од земјите на Југоисточна Европа и на кој предаваат девет инструктори од неколку европски земји, секоја година привлекува се повеќе учесници.
Оваа година, учителот Игор Довезенски ја предаваше школата Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, а на молба на организаторот, во петокот одржа и дополнителен тренинг на кој ја подучуваше самурајската школа Даито рју Аикиџуџутсу.
Како и секогаш. предавањето на Довезенски е проследено со грмогласен аплауз и воодушевување, а по тренингот дузина учесници од различни земји му приоѓаа со желба да се запознаат лично и да се фотографираат со него.
Заедно со учителот, секоја година на семинарот учество земаат и членовите на Буџинкан Македонија, кои исто така предизвикуваат внимание со својата желба и посветеност кон Нинџутсу.