Ново признание за соке Масааки Хатсуми

Posted on Categories Home

82fb84a5-b7ab-4e7e-b833-1465ca944d1d.jpgЕдна убава вест ни пристигна од Хомбу Доџо-то од Јапонија.
Имено, според весникот „News week“, кој излегува еднаш неделно како
додаток во најтиражниот јапонски дневен весник, учителот на
организацијата Буџинкан Доџо, соке Масааки Хатсуми, е прогласен за еден
од најпочитуваните јапонци во светот. Тоа се должи и на фактот што од
јапонското царско семејство, тој е прогласен за живо културно
наследство на Јапонија.
Му честитаме на оваа ласкава титула.

*****************************************************************

Добивме известување од серверот каде што е хостирана нашата
веб-страница дека поради надградување на истиот, во следните неколку
недели ќе има краткотрајни прекини во работата.
Ви благодариме на разбирањето.

Инструкторот на Буџинкан Македонија на Таки Шугјо

Posted on Categories Home

Овогодинешното Таки Шугјо (духовно прочистување), инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе го одржи на Колешинските водопади во струмичкото село Колешино.

In memoriam – Тоше Проески

Posted on Categories Home

316fcb88-1b35-4d0d-87ea-e87de6d56aaa.jpgПоследен поздрав до човекот што од времето на Александар Македонски, за
жал, единствен успеал целосно да го обедини македонскиот народ.

Во неколку интервјуа ја имаше искажано љубовта кон боречките вештини, а
во еден од неговите спотови дури и се бореше против нинџа (куноичи).

Полн со љубов за сите. Храбар, ведар и без очи кои параноично гледаат
околу себе непријатели, кодоши и заговори. Совршена личност. Да, тој го
достигна нивото на Татсуџин (комплетно човечко суштество).

Господ секогаш ги зема најдобрите за себе…

Меѓународен нинџутсу семинар во Македонија !!!

Posted on Categories Home

5317c4bc-ee17-4953-82a5-25b5b2f3efd7.jpgШколото за борбени вештини Пат кон Сонцето (Хомбу Доџо)
                                 и
Буџинкан Македонија ви најавуваат:

Меѓународен нинџутсу семинар на тема:

„Кукишинден Рју“ со чешкиот мајстор Филип Бартош шихан 10 Дан

Филип Бартош е личен ученик на јапонските учители Сомеја и Ишизука  (15
Дан Менкјо Каиден), а истовремено е личен ученик и на соке Масааки
Хатсуми.
Филип Бартош два пати годишно го посетува Хомбу Доџо-то во Јапонија
каде што вежба со неговите учители и со најдобрите топ инструктори во
Хомбу.
 
Ги покануваме сите вљубеници во боречките вештини да присуствуваат на
семинарот и да научат повеќе за една од најстарите вештини во Јапонија.
Семинарот е отворен за сите – без разлика на нивото на знаење, или,
пак, на стилот.
Ова е можност за сите да го зголемиме нашето знаење за вештината која со векови била мистерија дури и за самите Јапонци.
 
Време: 24 и 25 ноември, 2007 год

Распоред:          Сабота                                                       Недела 

                10.00 до 13.00 тренинг                             10.00 до 13.00 тренинг
                13.00 до 15.00 ручек-одмор                     13.00 до 15.00 ручек-одмор
                15.00 до 18.00 тренинг                             15.00 до 18.00 тренинг

Место: Хомбу доџо Пат кон Сонцето – Скопје – Македонија
Опрема: Ханбо, Бокен, Танто (само дрвени оружја се дозволени)
Цена: 50 евра семинарска такса, за уплата до 1 ноември, потоа 60 евра