Последен поздрав до човекот што од времето на Александар Македонски, за
жал, единствен успеал целосно да го обедини македонскиот народ.
Во неколку интервјуа ја имаше искажано љубовта кон боречките вештини, а
во еден од неговите спотови дури и се бореше против нинџа (куноичи).
Полн со љубов за сите. Храбар, ведар и без очи кои параноично гледаат
околу себе непријатели, кодоши и заговори. Совршена личност. Да, тој го
достигна нивото на Татсуџин (комплетно човечко суштество).
Господ секогаш ги зема најдобрите за себе…