Ги известуваме сите наши членови и пријатели дека во текот на месецот
Житар (Август), Школото за борбени вештини-Пат кон Сонцето, како и
Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, нема да работат. Како што веќе
знаете, тоа е единствениот месец кога си дозволуваме малку одмор и
релаксација.
Истовремено, Ве потсетуваме дека на Вашите маилови ќе биде одговорено после 20 Август.
Со тренинзи започнуваме на 1 Гроздобер (Септември), на старо место и во исто време (и во Скопје и во Битола).
Уписите за новите членови започнуваат од 4 Септември, така што ги
повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да ја проучуваат древната
јапонска вештина Нинџутсу, да не контактираат преку нашиот е-маил.
Ви посакуваме пријатен одмор…
Month: July 2007
Преживеавме… :)
Во услови на вонредна кризна состојба прогласена од страна на Владата
на Република Македонија, настаната поради енормно високите температури
во државава, членовите на Буџинкан Македонија успешно го завршија
семинарот на тема „Преживување“.
За жал, тројца кандидати се откажаа и го напуштија кампот предвреме
поради неподносливата жед која беше предизвикана од дозволените две
матарки вода во текот на првите 24 часа.
Логорот беше подигнат на местото викано „Смкнено“ на ридот „Лачуга“
односно на место без никакви сенки и дрвја, туку само голи карпи и
камења.
Двата дена беа исполнети со постојано уредување на кампот и вежбање на
нашата вештина. Слободно време не беше дозволено, а исто така, беше
забрането седнување на земја. Единствен одмор за двата дена беа
дозволените три часа спиење, кои и не беа искористени на најдобар
начин, поради необичните звуци кои доаѓаа од дувлото на лисицата
сместено во наша близина, а кое го откривме дури следниот ден. Во текот
на ноќта, стражарски групи го чуваа логорот, така што се помина во
најдобар ред.
Следниот ден беше уште потежок бидејќи температурата порасна за уште
некој степен (според термометарот 45 целзиусови), а водата беше
ограничена на само една матарка по човек (односно по нинџа :).
Истовремено, тренингот и уредувањето на кампот си продолжија со речиси
исто темпо.
Во текот на двата дена, нашите членови имаа можност да се запознат (или
усовршат) со вештините на користење на лак и стрела, фукија, шурикени и
меч, но се вежбаше и Интон Џутсу (вештина на невидливост и
камуфлирање), користење на петте природни елементи, техники на бешумно
движење, изострување на шестото сетило (харагеи), разни видови
медитации итн.
Единствена храна за време на целиот семинар беше по едно мало рипче
уловено со раце во блиската (пресушена) река, по четири речни школки
(само се џвакаа, а не се голтаа), по еден компир и по една пиперка
(„позајмени„ од една селска бавча-се извинуваме поради тоа и ветуваме
дека ќе надокнадиме) и по една рака пуканки (исто така „позајмени„).
По завршувањето на кампот, дехидрирани и изнемоштени се спуштивме до
пресушената река, во која ги допивме преостанатите неколку вирови полни
со ларви и црви.
Се на се, водачот на Буџинкан Македонија беше крајно задоволен од
своите ученици (и од себе самиот), затоа што, како што и самиот призна
на крајот, и тој го дал својот максимум.
Голем поздрав до учениците (јунаците) на Буџинкан Македонија од
скопското и битолското доџо: Александар, Марјан Н., Зоки, Марко, Роберт
и Милан, кои успешно го завршија семинарот, со песната „Се гледаме на
микробиологија“ :), а на останатите наши другари од доџото им
посакуваме следната година повторно да се пријават на „Преживување“ и
успешно да го поминат тестот (макар и фатиле глисти во цревата).
П.С. Колаж фотки во „Семинари“ и во „Фото галерија“.
На 28/29 јули-Преживување во природа
САМО ЗА НАЈУПОРНИТЕ, НАЈСИЛНИТЕ, НАЈХРАБРИТЕ И НАЈИЗДРЖЛИВИТЕ…
БУЏИНКАН МАКЕДОНИЈА И ПАТ КОН СОНЦЕТО (ХОМБУ ДОЏО) ВИ НАЈАВУВААТ
ЛЕТЕН НИНЏА СЕМИНАР НА ТЕМА:
ПРЕЖИВУВАЊЕ ВО ПРИРОДА
ДВА ДЕНА ВО ПРИРОДА БЕЗ КУПЕНА И ГОТОВА ХРАНА, ВОДА, ОБЛЕКА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА
ДВА ДЕНА ВЕЖБАЊЕ, МЕДИТАЦИЈА И ПРЕЖИВУВАЊЕ
ТЕМА: ПРЕЖИВУВАЊЕ ВО ПРИРОДА
МЕСТО: ЛАЧУГА
ВРЕМЕ: 28 И 29 ЈУЛИ, 2007 ГОДИНА
ЦЕНА: 1.200 ДЕНАРИ (ЗА ДВАТА ДЕНА)
ПРОГРАМА:
САБОТА:
08.00-09.30 ТРЕНИНГ ТАИЏУТСУ
09.30-14.00 РАСПОРЕДУВАЊЕ ОБВРСКИ, ЛОВ, ГОТВЕЊЕ И ИЗГРАДБА НА КАМП
14.00-14.30 РУЧЕК (ЗАВИСИ ОД УЛОВОТ)
14.30-17.00 ТРЕНИНГ СО ОРУЖЈА (ЛАК И СТРЕЛА, ШУРИКЕНИ, ФУКИЈА)
17.00-19.30 СРЕДУВАЊЕ НА КАМПОТ, ЛОВ И ГОТВЕЊЕ
19.30-20.00 ВЕЧЕРА (ЗАВИСИ ОД УЛОВОТ)
20.00-21.00 ТРЕНИНГ ТЕОРИСКИ ДЕЛ
21.00-23.30 ТАИЏУТСУ ТРЕНИНГ
23.30-24.00 РАСПОРЕДУВАЊЕ СТРАЖА И ПОДГОТОВКА ЗА СПИЕЊЕ
00.00 СПИЕЊЕ
НЕДЕЛА:
07.00 СТАНУВАЊЕ И РАСПОРЕДУВАЊЕ ОБВРСКИ
07.30-08.00 ДОРУЧЕК (ЗАВИСИ ОД УЛОВОТ)
08.00-10.00 ТРЕНИНГ ТАИЏУТСУ
10.00-10.30 МЕДИТАЦИЈА
10.30-14.30 СРЕДУВАЊЕ НА КАМПОТ, ЛОВ И ГОТВЕЊЕ
14.30-15.00 РУЧЕК (ЗАВИСИ ОД УЛОВОТ)
15.00-17.00 ТРЕНИНГ СО ОРУЖЈА (ЛАК И СТРЕЛА, ШУРИКЕНИ, ФУКИЈА И БОКЕН)
17.00-18.30 СОБИРАЊЕ НА КАМПОТ
18.30-19.30 СРЕДУВАЊЕ ВПЕЧАТОЦИ
19.30 ПОАЃАЊЕ
ДОЗВОЛЕНА ОПРЕМА ВО КАМПОТ: ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ, ШАТОРСКО КРИЛО, ВОЈНИЧКА
УНИФОРМА (ПАНТАЛОНИ И КОШУЛА), ЕДНА МАИЦА, КАПА, ЕДЕН ПАР ГАЌИ
(ШИРОКИ), ЕДЕН ПАР ЧОРАПИ, ЈАЖЕ, НОЖ, МАТАРКА, ФУКИЈА И СТРЕЛКИ, ЛАК И
СТРЕЛА, ШУРИКЕНИ И БОКЕН.
ВАЖНО: ЗАБРАНЕТО НОСЕЊЕ ХРАНА, ВОДА И ОСТАНАТИ РАБОТИ КОИ НЕ СЕ НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ.
НАЈВАЖНО: СЕМИНАРОТ Е ПРЕДВИДЕН САМО ЗА „ЦВРСТИ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ“.
УСЛОВИТЕ ЗА ТРЕНИНГ ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКИ, А ДИСЦИПЛИНАТА ЌЕ БИДЕ
ЖЕЛЕЗНА. ТИЕ КОИ НЕ СЕ ЧУСТВУВААТ ПСИХОФИЗИЧКИ СПРЕМНИ ЗА „ВО ПЕКОЛ“ И
КОИ НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ГО УБИЈАТ СОПСТВЕНОТО ЕГО, ГИ МОЛИМЕ ДА НЕ СЕ
ПРИЈАВУВААТ ЗА СЕМИНАРОТ.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ ДО 25 ЈУЛИ КАЈ СЕКРЕТАРОТ НА КЛУБОТ
ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ, НЕ ВОЗДРЖУВАЈТЕ СЕ ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ ПРЕКУ НАШИОТ Е-МЕИЛ.
Успешно одржан семинарот Суи Рен
Ниту високата температура на воздухот, ниту 6-часовното постојано
вежбање во речна вода (при тоа со облека на себе), не можеше да ги
поколеба воините од Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија да ја совладат
вештината Суи Рен.
Тренингот започна во 09.00 часот, кога учениците и учителот веднаш
влегоа во ладната вода започнувајќи со изучување на основните техники
на обуката во вода.
Како што температурата во водата се зголемуваше, така и учесниците на
семинарот го зголемуваа своето знање и постигнуваа се подобри
резултати. Тие имаа можност да испробаат како функционираат таиџутсу
техниките во услови кога телото до пола се наоѓа во вода. Врв на се
беше успешното дишење во вода низ цевка (фукија или корица од меч), при
што секој ученик издржа пет минути под вода без никакви проблеми.
Освен тоа, членовите на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија научија
како да обезбедат храна и да ја прочистат речната вода за пиење, но и
многу други работи за кои нема доволно место да се напише тука.
Се на се, на огромно задоволство на сите, семинарот беше повеќе од
одличен, како и дружењето на „ѕверовите“ од Буџинкан Македонија кое
заврши со убав селски ручек (како и секогаш).
Видете го колажот фотографии во „Семинари“, а наскоро и фотографиите во Фото галеријата.