Ниту високата температура на воздухот, ниту 6-часовното постојано
вежбање во речна вода (при тоа со облека на себе), не можеше да ги
поколеба воините од Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија да ја совладат
вештината Суи Рен.
Тренингот започна во 09.00 часот, кога учениците и учителот веднаш
влегоа во ладната вода започнувајќи со изучување на основните техники
на обуката во вода.
Како што температурата во водата се зголемуваше, така и учесниците на
семинарот го зголемуваа своето знање и постигнуваа се подобри
резултати. Тие имаа можност да испробаат како функционираат таиџутсу
техниките во услови кога телото до пола се наоѓа во вода. Врв на се
беше успешното дишење во вода низ цевка (фукија или корица од меч), при
што секој ученик издржа пет минути под вода без никакви проблеми.
Освен тоа, членовите на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија научија
како да обезбедат храна и да ја прочистат речната вода за пиење, но и
многу други работи за кои нема доволно место да се напише тука.
Се на се, на огромно задоволство на сите, семинарот беше повеќе од
одличен, како и дружењето на „ѕверовите“ од Буџинкан Македонија кое
заврши со убав селски ручек (како и секогаш).
Видете го колажот фотографии во „Семинари“, а наскоро и фотографиите во Фото галеријата.