Месец дена по првото Муша Шугјо во Јапонија, учителот Довезенски замина на уште едно двонеделно, овој пат заедно со своите ќерки Косара и Ксенија.
За време на престојот македонските преставници на Буџинкан Доџо вежбаа со учителите Тоширо Нагато, Јукио Ногучи, Исаму Шираиши, Хироши Нагасе, Ватару Тезука, Коџи Фурута и други.
Свесни за напредокот и залагањето на учителот Довезенски, а на предлог на тројца ДаиШихани, јапонските учители му доделија на Довезенски звање Џудан Kaгјо Хаппо Бикен.