Со голем интерес беше дочекан семинарот за ракување со јапонска палка од периодот Едо – позната под името Џутте.
Инструкторот Игор Довезенски во неделата ги подучуваше своите ученици на техниките на користење на Џутте од школата Кукишинден рју Хаппобикен, а тие неуморно го впиваа секое знаење од учителот.
Веднаш на почетокот, учесниците имаа можност да се запознат со основните удари со самурајската челична палка, а потоа и да ги вежбаат петте кати од оваа стара ‘Сого Буџутсу’ школа.
На општо задоволство, на крајот се донесе заклучок дека викендов што измина беше еден од најинтересните досега во Хомбу.