Интервју со сенсеи Масааки Хатсуми

Posted on Categories Списание

Интервјуто е направено непосредно по добивањето на престижната
награда за соке Хатсуми од страна на јапонското царско семејство, а е
преземено од весникот „Токио Журнал“.

И
покрај бурната јапонска историја, исполнета со многу немири и војни,
нинџите многу умешно успеале да ги зачуваат своите вештини и методи на
борба. Денес, во земјата на изгрејсонцето, е многу лесно да пронајдете
мит, фолклор, стрипови, па дури и стари записи што се поврзани со
нинџите и нивните вештини. Меѓутоа, речиси е невозможно да се пронајде
нешто што ја опишува реалната историја на овие мистериозни воини.
Старите записи се испишани во кодови или со шифрирано писмо кое до
денешен ден претставува енигма за историчарите. Ова уште повеќе го
зајакнува стереотипот за тоа кои навистина биле нинџите и со што се
занимавале. Со текот на времето, луѓето забораваат дека историјата,
фолклорот и легендите имаат основа во реалноста.
Самото влегување во салата за вежбање на 34-от учител е искуство само по себе. Слики, фотографии, зелени татами и голем асортиман
на егзотични оружја. На централниот ѕид има малечки храмови кои се
посветени на предците на деветте нинџа вештини кои што учителот ги
наследил од својот учител. Тој е нинџа. Неговото име е д-р Масааки Хатсуми.  
Доктор по медицина во областа на местење коски, а истовремено мајстор
на коппоџутсу односно вештината за кршење на коски и напад на виталните
точки на човечкото тело. Тој е жив парадокс. Учителот е секогаш релаксиран и безгрижен, не е како волшебник кој
се расфрла со магии или како водник кои ги тренира своите луѓе да
загинат за некаква кауза. Тој е расположен и пријатен за муобет, а
понекогаш и комичен.
Нашата средба се случи во деновите
кога Хатсуми сенсеи доби признание од царската фамилија. Тоа е почит и
чест која им била укажана на помалку од 100 луѓе по завршувањето на
Втората светска војна. Царското семејство го има признаено д-р Хатсуми
како последен учител на нинџа традицијата и го смета за национално
богатство.
За Хатсуми е најважно да се живее едноставен живот. Тој нагласува дека
не треба прекумерно да се биде загрижен за историјата и традицијата. Вели дека во минатото правилата на нинџата биле едноставни. Еве некои од нив:
-Основна цел на нинџата е да се инфилтрира на окупираната територија и да собере
што повеќе информации за непријателот со цел да се изготви добра
стратегија, а потоа да се врати на своја територија без притоа да биде
забележан.
-Да се искористи природниот инстинкт за измама за да се преживее. Тоа се случува постојано и насекаде во биолошкиот свет.
-Нинџата секогаш треба да се бори за правда, за заштита на својата земја и на своето семејство.
-Нинџутсу користи итрина. Најдобро е најпрвин да се збуни непријателот.
-Таинственоста и лојалноста се прашања на живот или смрт. Предавството значи смрт за предавникот и за неговите најблиски.
-Нинџата не смее да убива, да повредува невини луѓе или да краде за лична корист и задоволство.
-Негување на своето здравје и на здравјето на своите најблиски е основна задача.
-Вежбање боречки вештини, но и проучување на вештините: свирење, сликање, поезија, пеење и танцување.
-Постојан
тренинг во областите на: ракување со оружје, невооружени боречки
методи, тактички анализи, методи на притаен влез во објекти, пливање,
импровизирање, заобиколување и извлекување на непријателски сили,
маскирање, хемија, метереологија и географија.
Во минатото овие правила биле од важност за преживување на нинџата и за неговата заедница,
а на некои од нив, воините на сенките се придржуваат и во денешното
модерно време. Се разбира, учениците денес не тренираат толку интезивно
како нивните претходници
од Ига и Кога. Дури и самата вештина денес е отворена за јавноста, но
важно е тоа што начинот на предавање од страна на многу учители е
речиси ист како и во средновековниот период.

ТЖ: Сенсеи, дали е вистина да сте единствениот вистински нинџутсу учител во светот?
МХ: Не, јас не сум последниот, тука се сите мои ученици (се смее)!
Буџинкан е овде и живее. Ова е важно сите да го разберат. Јас не сум
последниот, всушност мојот учител Такаматсу беше последниот активен
нинџа, а тој е починат.

 ТЖ: Зошто се одлучивте да бидете нинџа? Како преживеале толку многу самурајски стилови, а од друга страна, нинџутсу за малку ќе згаснел? Дали е сето тоа поради војните во Јапонската историја?
МХ: Не, не е поради војните. Тоа е поради долгиот период на мир, познат
како Едо. Тогаш вештините на нинџите повеќе не биле потребни. Нинџутсу
е борбена вештина корисна за војна и на боено поле. Тоа е вештина за
преживување. 

 ТЖ: Како трите нинџа школи од деветте нинџа вештини кои што денес ги водите го преживеале тој период на мир?
МХ: Благодарение на луѓето кои што навистина ги сакале и кои се грижеле
за вештините, а не на оние кои што живееле од нинџа вештините.
Тоа е природно, нели? Затоа и се одлучив да работам како народен лекар.
Не сакав да живеам од вештината. Навистина го сакам нинџутсу-то и
борбените вештини. Затоа се грижев за него и го пренесов и понатаму.
Битно е да се задржи овој сегмент од нашата култура за идните генерации
и за доброто на човештвото. Низ 900 години, нинџите ги имаат акумулирано и предадено
нивните искуства и лекции за животот и смрта, за тоа како да се
преживее и издржи. Јас сакам да ги заштитам овие богатства за идните
генерации, луѓето да ги разберат овие лекции и доколку би биле од
корист за нивните животи, јас би бил среќен.

 ТЖ: Значи не е добро да се предава нинџутсу или боречки вештини како нечиј извор за живеење или како професија?
МХ: Не, не, тоа е избор на поединецот. Јас така избрав. Не ми
претставува проблем. Важно е да се заштитат важните нешта, за општо
добро. Денес, оние на кои што им е важно да ги зачуваат овие толку
важни богатства, се повеќе се ретчат. Една од најубавите работи кај
човечкото суштество е способноста да се грижи и да сака, да сака да
заштити и способноста да може да заштити. На јапонски ова се вика
нингенсеи.

 ТЖ: Во што се разликува вашето Буџинкан Доџо од останатите денешни боречки вештини во светот?
МХ: Во тоа што не е ништо изменето во својата традиционална форма и не
е претворено во спорт. И во тоа, што, ние постојано се менуваме и
прилагодуваме. Во старите времиња оган се палело со кремен и челик.
Денес тоа се прави со запалка. Јас денес знам да употребам и пиштол и
пушка или било какво модерно оружје. Тоа ја прави мојата вештина
различна од другите.

 ТЖ: Дали имате изучувано други борбени вештини пред да го запознаете вашиот учител Такаматсу сенсеи?
МХ: Да, тоа беше начинот за да го запознам него.

ТЖ: Беше ли Такаматсу сенсеи познат во своето време?
МХ: Тој бил познат меѓу професионалната заедница на практикувачи на
борбените вештини. Имало многу силни и познати воини во тоа време, но
никој од нив не можел да се спореди со него. Можете да го наречете воин
над воините.

ТЖ: Дали Такаматсу сенсеи учествувал во Втората светска војна?
МХ: Не, тој бил десет години во Кина и во тие несигурни времиња многупати морал да се бори за својот живот. Три пати бил осудуван
на смртна казна, но очигледно успешно ја избегнувал секој пат.
Причината поради која не учествувал во војната е оштетеното ушно
тапанче при една тепачка во младоста кога бил нападнат од страна на
тројца разбојници. Поради повредата, не можел да биде војник.

 ТК: Дали заминал во Кина за да заработи пари?
МХ: Тој сменил многу работни места, а едно време бил и градежен работник.

 ТЖ: Некои факти говорат дека бил шпиун?
МХ: Шпиун, а? Хм? Како би го нарекле тоа, да размислам… да, се занимавал и со такви нешта. Па видите, тој бил пријател со последниот кинески цар и едно време дури го заштитувал.

 ТЖ: Денес имате многу ученици низ целиот свет, како гледате на тоа од аспект за иднината на вашата традиција?
МХ: Сите тие станаа добри луѓе! Многу од нив ја разбираат мојата
вештина. Поради тоа патував низ светот, предавајќи со години. Сакам
луѓето да ја разберат оваа вештина. Јас не отидов за да ја проширам
вештинава. Доволно беше само да им дадам шанса да видат што е вистинско
нинџутсу, а покрај тоа запознав навистина прекрасни луѓе. Иднината на
вештинате е во вистински раце. Денес сме моќна заедница.

 ТЖ: Ви честитам за наградата од Царската Фамилија!
МХ: Ви благодарам многу. Благодарен сум што бев награден со Кокусаи
Еијошо (награда за интернационално дело) и Шакаи Бунка Корошо (награда
за општествено и културно делување). Во период од педесет години по
завршувањето на војната, само 92-ца се имаат здобиено со вакво
признание.

 ТЖ: Дали на не-јапонските ученици им е дозволено изучување на вашата вештина во најдлабоките нивоа?
МХ: Нема проблем! За мене сите се исти! Немам граници! Но, учениците мора да имаат чисто срце или едноставно ќе „исчезнат“.
Зарем нинџутсу не е неверојатна работа? Луѓето со лошо срце едноставно
си заминуваат. Мојата вештина може да опстане само кај луѓе со добро
срце.

 ТЖ: Последново прашање не е директно поврзано со борбените вештини, но
што мислите за иднината на човештвото? Дали човештвото би било способно
да издржи и преживее во следните 1000 години? Нуклеарна војна? Хемиски
оружја? Загадување на планетата?
МХ: Тоа што треба човештвото да направи за да преживее е да се запознава  и исправа меѓусебно! Да си помогне меѓусебно, научно, во физиката,
па дури и во вештината на борење. Затоа јас често говорам дека мојата
сала за тренирање е место за забелешки и исправки. Важно е да се
поправиме еден со друг! Да си кажеме еден на друг „еј, тоа не е во ред!“.
Човештвото мора да научи да балансира. Да балансира со планетата.
Природата сама по себе е избалансирана. А за да се постигне тоа, треба
да си помогнеме едни на други, навистина ни треба трпение и толеранција.
Тоа е нинџутсу. Боречките вештини не подучуваат како да се
самозаштитиме, ни даваат виталност и духовно прочистување. Сите животни
во природата си имаат нивни начини за заштита. Човековите суштества
биле благословени со надмоќен интелект и доминираат во животинското
царство со вештините на војување. За да ја заштитиме нашата заедница,
семејството и себе си од опасност, не е потребно оправдување.
Човековите суштества се единствените кои одлучуваат да бидат послушни
или агресивни, но одлучувачки фактор треба секогаш да биде праведноста
и љубовта. Да се прекрши правилото на природата и да се упоребат
боречките вештини за здобивање слава или пари, може да не одведе во
самоуништување.

Превел: М.Белески

Саншин но ката

Posted on Categories Списание

Саншин но ката доаѓа во Буџинкан од школата Гјокко рју Кошиџутсу. Во боречките вештини таа е позната и под следните имиња:

        Шо шин гокеи гогјо но Ката
        Сошин го Гата
        Гако но Гата
        Гошин но Ката
        Саншин но Тсуки

Која е важноста на Саншин но Ката?
Важноста
се состои во тоа што во неа се содржани основите на целото наше Дакен
Таиџутсу. Движењата се многу повеќе нагласени отколку во Кихон Хаппо.
Нозете и колената се користат повеќе и со свиткување на колената се
спушта целото тело. Основен принцип на катите е “Кен Таи Ичи Џо”
(Телото, умот и оружјето се едно). Кога се изведуваат во Шо шин гокеи
гогјо но Ката, се работат со големи кружни движења и повеќе наликуваат
на вежба отколку на борбена форма, додека Саншин но Ката е борбена
техника.

 Која е симболиката на природните елементи во Саншин но Ката?
Чи но Ката (Земја)
го претставува најприродниот начин на удирање со осцилирачко движење.
Ова е слично на движењето на рацете кога се движиме (шетаме). Исто
така, Чи но Ката е најстабилната форма на нашето Таиџутсу (земјата е
најстабилна форма во природата). Тоа значи дека кога ја изведуваме оваа
ката, треба да имаме чуство дека нашето камае е цврсто и неподвижно
како планина (земја). Ударот кој доаѓа од долу, ја собира земјата и ја
фрла кон противникот.
Суи но Ката (Вода)
и Ка но Ката (Оган), се смртоносни удари во вратот. Дланката свртена нагоре (Омоте Шутоучи) во Суи
ги фаќа дождовните капки коишто паѓаат од небото кон земјата. Со
попречувањето на водата да стигне до земјата, таа ќе стане сува и
мртва. Меѓутоа, со спречувањето (фаќањето) на капките да паднат врз
огнот, ја засилуваме неговата моќ. Тоа е интеракција помеѓу природните
елементи. Во оваа ката ја менуваме својата положба и ја приспособуваме
кон движењето на напаѓачот, исто, како што водата ја менува својата
форма според релјефот.
Ка
(Оган) е светлина. Раката свртена надолу (Ура Шутоучи)
го чува огнот да не се изгаси. Без светлина нема живот. Но оганот може
лесно да убие. Оваа ката е експлозивна и агресивна и уништува се пред
себе како и пожарот.
Фу но Ката (Ветер)
, користи Шито Кен (Бошикен),
што значи бодеж со палецот (Ши на Јапонски, исто така, значи и смрт) и
удира во харата (долниот дел од стомакот). Со тоа го сопира животот
уште пред да започне. Додека удирате, се движите лесно и го менувате
правецот како ветерот.
Ку но ката (Празнина
)
ги содржи елементите на сите претходни ката. Ку е ништавило. Празнината
во средината на дрвеното тркало е најважен елемент за колата да се
движи. Таму завршуваат сите попречни штици кои го држат тркалото
компкатно. Но без празнината во средина, нема движење напред (напредок).
Саншин
но Ката во минатото се кажувала само на најверните ученици и била дел
од тајното учење Хиден (Хиден – тајна трансмисија) на Гјокко Рју.
сенсеи И.Д.
(Напомена:
Во текстот „давам“ мал дел од тоа што сум успеал да го научам во текот
на 19-годишното вежбање на Саншин но Ката и Гјокко рју како дел од
Буџинкан Будо Таиџутсу. Тоа е начинот на кој што јас ја гледам оваа
ката. Секој што не се согласува со мојот начин, секако, треба да си
„пронајде“ свој.) 

Do you have questions?

Posted on Categories Uncategorized
In case you have any questions, you are welcome to write us now at our e-mail addresses:
daito_macedonia@yahoo.com (in case you write in Macedonian)
bujinkan_macedonia@yahoo.com (if you write in English)
For information for applying of new members: 072 307 442
For a conversation with the main instructor:
+389 07(5) 564 011 (Monday – Friday 09.00 to 15.00)
skype: daito_macedonia (Monday – Friday 09.00 to 15.00 / irregularly)
Info about Taiyou e no Michi (Hombu Dojo): www.koryu.mk
Info about Daito ryu Macedonia: daito.koryu.mk

Имате прашања?

Posted on Categories Контакт

Доколку сакате да ни поставите прашање во врска со нашата работа, нашето доџо или нашата организација, Ве молиме да не контактирате преку електронската адреса:

daito_macedonia@yahoo.com

За упис во Буџинкан Македонија: 072 307 442

Посетувајте ја редовно нашата веб-страница бидејќи постојано се надополнува со нови информации.

Информации за Пат кон Сонцето (Хомбу Доџо)

www.koryu.mk

daito_macedonia@yahoo.com (за Македонија)

bujinkan_macedonia@yahoo.com (за странство)

тел. 075 564 011 (понеделник – петок 09.00 до 15.00)

skype: daito_macedonia (понеделник – петок 09.00 до 15.00 / нередовно)

 

Информации за Даито рју Аикиџуџутсу:

http://daito.koryu.mk

Toshitsugu Takamatsu

Posted on Categories Uncategorized

Toshitsugu Takamatsu was born on 10 March 1887 (the 23rd year of Meiji) in Akashi, Hyogo province, Japan and died on 2 April 1972.
He is well known throughout the world as a martial artist who taught
and formed many next generation Grandmasters of various martial art
traditions.
His
real first name was Hisatsugu but he changed it later to Toshitsugu
using the same kanji but different pronunciation. He was also known
under different martial arts names and nicknames : Jutaro, Chosui (Pure
Water), Nakimiso (Cry-baby), Kotengu (Little Goblin), Moko no Tora
(Mongolian Tiger), Kikaku (Demon Horns),  Kotaro (Young Tiger). His
house (a motel/tea-inn) was in front of Kashihara Shrine, in Kashihara City (Nara Prefecture).
Takamatsus
grandfather (on his mothers side), Toda Shinryuken Masamitsu, was a
well known martial arts instructor who owned a dojo in their home town.
At the age of nine the weak and shy Takamatsu, often called a cry-baby by his peers, was sent to his grandfather to Kobe to strengthen up. The training was efficient, and by the age of 13 he had become a master that no longer had a peer in Kobe.
From his grandfather he learned several martial arts, including
ninjutsu, and inherited the position of Soke for the following Ryu
(school):

Shinden Fudo Ryu
Koto Ryu Koppo-Jutsu
Gyokko Ryu Kosshi-Jutsu
Togakure Ryu Ninpo
Gyokushin Ryu Ninpo
Kumogakure Ryu Ninpo

From the martial artist Mizuta Yoshitaro Tadafusa he became Grandmaster in:
Takagi Yoshin Ryu Ju-Jutsu

(age 17) and from the martial artist Ishitani Matsutaro Takakage he became Grandmaster in
Kukishin Ryu
Gikan Ryu
Hontai Yoshin Takagi Ryu
Shinden Muso Ryu

 He traveled through Mongolia to China
at the age of 21, taught martial arts and delivered many battles on
life or death. He was the bodyguard of the last Chinese Emperor Puyi
and became Tendai Buddhist priest in 1919. In 1921 he was permitted to
copy the Kukishin Ryu scrolls (+ Amatsu Tatara scrolls) of the Kuki family. He was also a good friend of Jigoro Kano (Kodokan Judo) and took care of his younger brother. They both lived in the same region.
During the Second World War
(1945) the original scrolls were destroyed and lost. In 1949 he
presented new scrolls to the Kuki family which he had rewritten based
on his copies and memory. He was deaf on one ear also due to one of his
fights. He said that a Shaolin fighter and a shorinji boxer were the most dangerous enemies he ever met. He was buried on Kumedra cemetery in Nara. He used to write articles for the Tokyo Times newspaper. Toshitsugu was well known in Japan as a Grandmaster of Ju-Jutsu and Bojutsu.
In May 1950, Toshitsugu Takamatsu established Kashihara Shobukai in Nara prefecture. In the post-War era Takamatsu
spent his time developing successors to his martial tradition. At the
same time, he often sponsored Magokuro-kai-musubi tsudoi meeting and
lectures about Amatsu Tatara, especially Izumo Shinpo, and reared many
martial artists and religious leaders.
He taught and formed many next generation Grandmasters such as Fumio Akimoto (considered the senior student of Takamatsu), Kimura Masaji (It is possible that no other student of Takamatsu has had more training with the Grandmaster), Sato Kinbei, Takashi Ueno, Masaaki Hatsumi and others.
More information in Macedonian version.

Masaaki Hatsumi

Posted on Categories Uncategorized

Masaaki Hatsumi, (born 2 December 1931) is the founder and current Soke, or Grandmaster, of the Bujinkan Organization, currently residing and teaching in the city of Noda, Chiba, Japan. He is also a doctor of oriental medicine, specializing in the mending of bones.
He is sometimes called “the last ninja”, as after the death of his
teacher Toshitsugu Takamatsu in 1972 he was the only person in the
world who mastered all the eighteen disciplines of ninjutsu.
Beginning in
childhood, Masaaki Hatsumi studied several popular martial arts. After
teaching martial arts to American soldiers stationed in Japan
he noticed that the larger and stronger Americans had an advantage in
battles when using the same techniques. He began to question the
legitimacy of modern martial arts training and started to search for a
one where persons of equal skill truly were equals, even if the other
one was stronger. It was after this time, while studying ancient
Japanese weaponry, that he learned of ninjutsu and a martial artist
named Toshitsugu Takamatsu who still knew it.
In 1957 he began making regular trips to train with his new teacher (who resided at the time in Kashiwabara, in Nara), taking a 15-hour train ride from his hometown of Noda in Chiba. This one-on-one training continued for 15 years until the passing of Toshitsugu Takamatsu in 1972.
More information in Macedonian version.

Bujinkan Dojo

Posted on Categories Uncategorized

The
organization Bujinkan Dojo is founded by the great master Masaaki
Hatsumi in honor of his teacher Toshitsugu Takamatsu. This is
international organization with its seat in the city of Noda shi, in the province of Ciba ken in Japan. Bujinkan Dojo means „Warrior Spirit Training Hall’’ i.e. „House of the Divine Warrior’’
Today
in Bujinkan are taught nine traditional warrior schools. Six of them
come from the samurai warrior arts, which the legendary ninja warriors
has used them and brought to perfection and the other three are pure
ninjutsu warrior schools. All the nine styles have been improved over
the centuries by number of warrior generations while protecting the
lives of their closest family members. Carried from generations to
generations, from father to sun, from master to student, all the nine
schools are being succeeded by Masaaki Hatsumi sensei, from his great
master Takamatsu.
By
founding the organization Bujinkan Dojo, soke (head) Hatsumi has united
all the nine schools in one art, naming it Bujinkan Ryu (school,
tradition) i.e. Bujinkan Budo Taijutsu.

Sensei Hatsumi has succeeded the nine schools:

–         Togakure ryu Ninjutsu-34 Soke

–         Gyoko ryu koshijutsu-28 Soke

–         Koto ryu koppojutsu-18 Soke

–         Kukishinden ryu happo Bikenjutsu-28 Soke

–         Shindenfudo ryu dakentaijutsu-26 Soke

–         Takagiyoshin ryu jutaijutsu-17 Soke

–         Gikan ryu koppojutsu-15 Soke

–         Gyokushin ryu Ninjutsu-21 Soke

–         Kumogakure ryu Ninjutsu-14 Soke

 Even
though all of the nine schools have been practiced as one unified art,
each of them has its own history and tradition, its characteristics,
its techniques and strategy, its secret weapons. By this the schools
i.e. the arts can be studied and practiced separately.

Буџинкан Доџо

Posted on Categories Буџинкан

Организацијата Буџинкан Доџо (Bujinkan Dojo) е основана во
седумдесетите години на минатиот век, од страна на соке Масааки Хатсуми, а во чест на неговиот учител Тошитсугу Такаматсу. Станува збор за интернационална организација со седиште во градот Нода, во провинцијата Чиба, во Јапонија. Буџинкан Доџо во превод значи „Двор на божествениот воин“ односно „Место каде што вежба божествениот воин“.

Во Буџинкан се изучуваат девет традиционални јапонски борбени школи (рју-ха). Некои од нив имаат самурајски корени, а некои низ текот на времето биле преземени и усовршувани од страна на легендарните нинџа воини.

Низ генерациите, пренесувани од колено на колено, од татко на син, од учител на ученик, во 1972 година сите девет школи ги наследил Масааки Хатсуми, благодарение на својот учител Такаматсу.

Деветте вештини, познати како Такаматсу-ден (наследството на
Такаматсу), си имаат своја историја и традиција. Секоја од нив има
посебни карактеристики, техники и тактики, како и специфични оружја.

Во почетокот, до 1996 година, школите се вежбале одделно, но потоа
соке Масааки Хатсуми почнува да ги предава под едно заедничко име – Будо Таиџутсу. Оттогаш, па наваму, повеќе внимание се посветува на  таканареченото „чуство“ при изведбата на техниките односно на прилагодувањето на катата во моментот на самиот напад (хенка). Денес, новиот хибриден систем е прифатен од поголемиот дел од членовите на Буџинкан Доџо. Меѓутоа, еден мал дел од ограноците на организацијата, меѓу кои и Буџинкан Македонија, се уште се држи до „стариот начин“ на изучување на вештините одделно и со сите нивни карактеристики.

Сенсеи Масааки Хатсуми е наследник на деветте школи:

– Тогакуре рју Нинџутсу / 戸隠流忍術 34 Соке

– Гјокко рју Кошиџутсу / 玉虎流骨指術 28 Соке

– Кото рју Копоџутсу / 虎倒流骨法術 18 Соке

– Кукишинден рју Хаппо Бикенџутсу / 九鬼神伝流八法秘剣術 28 Соке

– Шинденфудо рју Дакентаиџутсу / 神伝不動流打拳体術 26 Соке

– Такагијошин рју Џутаиџутсу / 高木揚心流柔体術 17 Соке

– Гикан рју Копоџутсу / 義鑑流骨法術 15 Соке

– Гјокушин рју Нинџутсу / 玉心流忍術 21 Соке

– Кумогакуре рју Нинџутсу / 雲隠流忍術 14 Соке

Тошитсугу Такаматсу

Posted on Categories Буџинкан

Тошитсугу Такаматсу е роден во 23-та година од Меиџи ерата (10.03.1887), во Акаши, во провинцијата Хјого во Јапонија. Неговата фамилија потекнува од Матсугашима во Исе. Во еден период од семејната историја, предците на Такаматсу биле Даимјо-и на тој реон, со сопствена Хосокуби тврдина. Еден од предците е познатиот Такаматсу Масатоши. Семејството било поврзано и со храмот Амсута. Свештеникот Фуџивара Тошихиро на фамилијата Такаматсу и подарил макимоно запис наречен Аматсу Татара кој го чувал во храмот, а се однесувал на тајните начини на лекување на телото и духот.

Дедото на Тошитсугу Такаматсу, Тода Шинрјукен Масамитсу, имал клиника за коски и доџо за будо во градот Кобе. Во тоа доџо, тој бил соке (поглавар) за боречкиот систем Шинденфудо Рју. Тода бил 8-ма генерација на Тозава Рју Таро и бил потомок на Тозава Хакуунсаи, оригиналниот основач на системот Гјокко Рју Кошиџутсу. Тода имал ранг на самурај, а потекнувал од провинцијата Ига.

Некои членови од фамилијата на Такаматсу потекнувале од Такао, планинскиот дел на Ига, попознат како стожер на нинџа семејствата. Во една прилика Такаматсу изјавил дека само малку луѓе од неговата фамилија го проучувале боречкиот систем нинџутсу, односно по еден или двајца членови од секоја генерација. Тода ги проучувал и школите Шинден Кото Рју Карате (подоцна името е сменето во Кото Рју Коппојутсу), Гјокко Рју Кошиџутсу, Кумогакуре Рју Ниџутсу, Гјокушин Рју Нинџутсу и Тогакуре Рју Нинпо Таиџутсу. Покрај тоа, Тода бил постар инструктор во Бикеншин Рју Кенџутсу, школа која ја изучувале шогуните од Токугава и која тој ја предавал на воената академија во Накано.

Откако ја совладал Шинденфудо Рју, Тода го изучувал системот Кото Рју, а потоа и Тогакуре Рју. Во тоа време, Тода пишувал книга за воената стратегија и поради тоа бил повикан да држи предавања на Царската воена школа. Подоцна, Тода и Такаматсу заедно издаваат воен прирачник (сеуште нема докази дека е пронајден). Војската ги прифатила техниките од прирачникот во сопствениот образовен систем.

Во 1900 година, кога Такаматсу имал 13 години, го напушта средното образование и се запишува во англиското школо на Џорџ Бундов и во Кинеското класично школо во својот роден град Кобе. По некое време се приклучува на школата Такаги Јошин Рју, каде учителот Мизута Јошитаро Тадафуса бил 15-ти соке. Вредно тренирал во неговото доџо секој ден и кога наполнил 17 години Мизута му дал Менкјо Каиден (лиценца) за Такаги Јошин Рју.

Од учителот Ишитани Матсутаро Такекаге (роднина од татковата страна), Такаматсу ја научил вештината Куки Хаппо Бикен но Џутсу (вештина на скриеното оружје против деветте демони во осум правци – Кукишинден Рју). Покрај оваа школа, Ишитани вежбал и нинџутсу од различни аспекти, а го подучувал и Такаматсу на други вештини каде што исто така бил соке. Тоа биле Хон Таи Такаги Јошин Рју (Такаматсу тоа веке го научил кај Мизута), Гикан Рју Коппоџутсу и Шинден Мусо Рју.

По смрта на својот дедо Тода, Такаматсу заминал во Кина. Една од причините за неговото заминување била желбата да го испроба своето знаење, бидејќи тоа веќе не било можно во Јапонија, каде биле донесени строги забрани за употреба на вештините на старите школи. Така, тој заминал да работи во Кина кај воинствените војсководци распрскани низ оваа голема земја.

На патот за Кина, поминувајќи низ Кореа, Такаматсу учел кај учителот Ким Кеи-меи. Подоцна, мајсторирал уште 18 кинески и корејски боречки вештини. Тој минал низ пределите Тенсеин, Монголија и Манџурија, каде служел кај многу господари и се задржал цели 10 години. Додека талкал низ Кина, Такаматсу бил предизвикан на двобој во неколку борби. За да преживее, тој подучувал боречки вештини. Во еден момент од животот во Кина, Такаматсу предавал во англиско училиште каде што имал околу 1000 ученици. Многу стари мајстори по боречки вештини доаѓале да го предизвикаат на борба младиот Такаматсу. Тоа било време кога единствен начин да се задржи кредибилитетот како боречки мајстор и учител било да се прифати секој предизвик за борба. Тој се борел против сите предизвикувачи и не загубил ниту една борба, иако имал неколку нерешени. Во дневникот на Такаматсу е запишано дека во 12 борби тој морал да се бори до смрт и дека имал 7 организирани и официјални натпреварувачки дуели. Сето ова се случувало до периодот кога Такаматсу наближувал до својата 30-та година. Поради начинот на кој се борел, Такаматсу во Кина бил познат под прекарот Монголски Тигар.

Во 1919 година, Такаматсу се врака во Јапонија. По кратко време заминува во храмот Тендаи на планината Хиеи во Кјото, каде се замонашува. Иако велел дека не е премногу религиозен, поради неговиот прилагодлив дух тој изучувал три различни религии. До крајот на својот живот се молел за луѓето кои ги убил во дуелите и велел дека често грешел во својата младост.

Кога подостарел, Такаматсу отворил чајџилница и хотел во градот Кашивара, во провинцијата Нара во Јапонија. Таму отворил и доџо кое го нарекол Сакушин.

Такаматсу бил ангажиран и како советник и координатор за боречки вештини во филмот Шиноби но Моно, при што ги учел глумците техники од нинџутсу школите.

Во 1950 година, кај Такаматсу доаѓа да учи 26 годишниот Масааки Хатсуми. Дотогаш Хатсуми учел кобудо (класични боречки вештини) кај учителот Уено Такаши, кој, пак, бил ученик кај Такаматсу сенсеи. Еден ден Уено му кажал на Хатсуми дека повеќе нема што да го подучува и дека ако сака повеќе да научи тоа може само од учителот Такаматсу. Тогаш Хатсуми заминува во Нара да го пронајде легендарниот Монголски Тигар. Хатсуми веќе имал високи (дан) степени во неколку боречки вештини како што се Карате и Аикидо, а најдобар бил во Џудо (4 дан), поради што и одржувал тренинзи во американската база во Зама.

Освен Хатсуми, Такаматсу имал и други уценици: Акимото Фумио, Уено Такаши, Такеучи Кикакусаи, Ханаока Нангаку, Сато Кинбеи, Коба Коширо и др.

Еден ден, Такаматсу и Хатсуми седеле во собата за гости и Такаматсу му рекол на Хатсуми да ги затвори очите и да медитира. Хатсуми слушнал како Такаматсу ја напушта собата и се симнува по скалите, меѓутоа не слушнал кога Такаматсу повторно влегол во собата, бидејки тој ги користел нинџа методите на тивко движење и влегување (шиноби ири). Тогаш, Такаматсу го нападнал Хатсуми од зад грб со катана изведувајки ја техниката џумонџи кири. Носен од некоја невидлива сила, Хатсуми се извлекол на страна и го избегнал нападот. Тогаш, Такаматсу му рекол дека го положил сакки тестот. По ова, стариот воин на Хатсуми му дава менкјо каиден со што Хатсуми станува поглавар на девет традиционални боречки школи.

На останатите свои ученици, Такаматсу им соопштил дека одлучил Хатсуми да ја пренесува традицијата и го прогласил за соке на девет ратнички вештини.

Откако Хатсуми и официјално станува соке, ја создава организацијата Буџинкан во која се вклучени сите девет традиции односно школи кои му ги пренел Такаматсу Сенсеи. Така, новиот соке создал свое доџо со свои правила.

Во 1972 година, на 85 годишна возраст, Такаматсу сенсеи умира. Иако прекинува со тренинзите на 80 години, тој и понатаму продолжил да ја надгледува работата на Хатсуми кого го чувствувал како свој син.

Такаматсу бил член на Шобу Буреау, бил поранешен претседател на Ниппон Минкоку Сеинен Ботоку Каи (Организација на боречки вештини на јапонската младина) и бил познат во Јапонија како учител по Џуџутсу и Буџутсу. Од деветте школи, во Јапонија бил најпознат како учител за Кукишинден Рју. Се зборува дека кога умрел неговите соседи биле шокирани од сознанието дека покојниот бил голем учител на последната древна школа на нинџутсу – Тогакуре Рју.

Такаматсу Тошитсугу бил голем човек и жив пример за вистински боречки мајстор. Поради брзиот начин наживот и големите промени што се случуваат денес, тој бил можеби последниот од големите Самураи. Еден ден неговите приказни за борбите и за духовните мудрости ке станат дел од историјата и ќе се проучуваат на училиштата исто како што денес се учат лекциите за Мијамото Мусаши.

Учениците на Буџинкан се срекни што можат да ги вежбаат вештините што Такаматсу ги оставил зад себе, живеејки го својот живот според принципите на Будо-то.

Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија

Posted on Categories За Нас

Пат кон Сонцето е некомерцијална организација која е посветена на изучувањето на традиционалните јапонски борбени вештини. Таа е основана во 1995 година, од страна на Игор Довезенски, единствениот Македонец носител на неколку титули во неколку
различни класични борбени школи (рју-ха). Од основањето, па до
денес, организацијата работи без прекини и секојдневно одржува тренинзи за своите членови.

Истата година (02 јули, 1995), во рамките на организацијата почнува со работа првото нинџутсу доџо* во земјата – „Буџинкан Македонија“. Засега, тоа е единственото признаено доџо во нашата држава, од страна на поглаварот на Буџинкан, соке Масааки Хатсуми. „Буџинкан Македонија“ се уште важи за еден од најдинамичните клубови во Европа, со многубројно и активно членство, што само зборува за квалитетот на знаењето што се добива во доџо-то.

Во 2010 година, односно петнаесет години од отворањето на „Буџинкан Македонија“, во Пат кон Сонцето почнува со работа „Даито рју Македонија – Корју Доџо“. Во него се изучуваат две јапонски боречки школи: Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју
Кенџутсу (Такеда-ден). Доџо-то е рамноправен член на Интернационалната Даито Организација (International Daito Kai), под раководство на единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикибудо, Антонино Черта.

На почетокот на 2013 година, инструкторот Довезенски станува ученик на шидоша Ерик Лоув, а неколку месеци подоцна дава крвна заклетва (кеппан) пред шиханот на Теншин Шоден
Катори Шинто рју Буџутсу, Нобутоши Отаке. Во септември, истата година, со дозвола и под менторство на шидоша Лоув, почнува со работа „Катори Шинто рју Македонија“ односно третото доџо во Пат кон Сонцето.

Игор Довезенски е првиот и засега единствениот Македонец од Република Македонија што заминал во Јапонија со цел интензивно да ги проучува и вежба јапонските традиционални боречки вештини. За време на престојот, тој имал можност да учи директно од основачот на Буџинкан Доџо – д-р Масааки Хатсуми, како и од легендарниот наследник на Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу – шиханот Рисуке Отаке. Исто така, Довезенски е единствениот Македонец што вежбал Даито рју Аикиџуџутсу во Јапонија, како и други класични боречки вештини кои потекнуваат од Земјата на изгрејсонцето.

Без никаква намера за експанзија или лична слава, следен единствено од љубовта кон традиционалните јапонски боречки вештини, Игор Довезенски ја создава единствената организација во Македонија во која што може да се вежбаат најпознатите јапонски класични самурајски и нинџа стилови на борба.

Организацијата за изучување на традиционалните јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето, досега организирала над тристотини домашни и околу триесетина меѓународни семинари
со учество на најпознатите светски мајстори за корју.

Покрај членувањето во неколкуте најреспектирани интерконтинентални организации, Пат кон Сонцето е отворена за соработка и размена на знаењето со сите ентузијасти кои имаат заеднички интерес од областа на јапонските класични вештини.

* доџо (道場) – место за усовршување на Патот