Злосторства и казни во средновековна Јапонија

Posted on Categories Списание

Казни за убиство

„Во зависност од статусот на жртвата и нејзината врска со вас, казната може да варира.“

Повеќето злосторства завршуваат со смртна казна. За најсериозни се сметаат убиството на својот господар, мајката или таткото.

– Убиство на својата мајка – парадирање низ градот и потоа
распнување

– Убиство на свое месо и крв (син, внук итн.) – прогонство

– Убиство на својот господар – сечење со пила, потоа распнување

– Убиство на сопственикот на куќата, недвижноста или на локалниот господар –влечење низ градот и потоа обезглавување

– Убиство на минувач со цел да тестираш меч – парадирање
низ градот и потоа смртна казна

– Обично убиство – ќе бидеш познат како криминалец (преку
тетовирање на челото)

– Најмување на платен убиец (шиноби) – ќе бидеш познат како
криминалец (преку тетовирање на челото)

– Најмување на платен убиец (шиноби) – прогонство или тешка
парична казна

– Помагање на платен убиец – прогонство и тешка парична
казна

– Случајна смрт (предизвикана ненамерно) – смртна казна или
прогонство (зависи од статусот на убиениот или од причините на несреќата)

– Убиство во самоодбрана – доколку семејството или
господарот на жртвата го прости следува ослободување

Следниве случаи не биле сметани за убиство:

– Доколку главата на самурајското домаќинство изврши смртна
казна. Како господар на домаќинството, тој има целосна власт врз поданиците и доколку кривичното дело е сторено од член на неговото домаќинство, тој има право да ја изврши пресудата (казната).

– Доколку на воинот односно самурајот му биде наредено од
страна на господарот да убие некого во своето домаќинство.

– Доколку самурајот убие непристоен и груб селанец. Но мора
да има трета страна што ќе сведочи за настанот и убиството мора да биде извршено на лице место. Не може да биде извршено подоцна.

– Убиство поради одмазда.

– Поради тренинг на боречки вештини кога и двете страни ќе се
согласат за опасноста од борбата (дуел).

– Доколку при процес на заробување криминалецот даде отпор,
тој смее да биде исечен.

– Во борба или во служба како џелат.

– Убиство на неверна сопруга и нејзиниот љубовник, согласно
со прописите. Исто така, убиството на маж кој влегува во куќа со цел да изврши прељуба и други случаи одобрени согласно со законот.

Закони за Воинските Домаќинства / Буке Шохато

Posted on Categories Списание

1.      Проучувањето на литературата и
практикувањето воени вештини, вклучително стрелаштвото и јавањето, мора да се
негуваат истрајно.

„На левата рака литературата, на десната користењето на оружје“ (според
традицијата, левата има предност над десната) било правилото на предците. Двете
вештини мора да се проучуваат паралелно. Стрелаштвото и јавањето се основни
вештини за сите воини. Се вели дека војната е проклетство. Но, до војна доаѓа
само кога е неизбежно. Во време на мир, не заборавај ја можноста од немири.
Вежбај и спремај се.

2.      Избегнувај пиење и развратни забави.

Постоечкиот код строго ги забранува овие нешта. Особено кога се ужива во
развратен секс или станува зависен од коцкање – тоа креира основа за уништување
на се што се поседува.

3.      Toj што ги крши законите не смее да се
крие во било чиј посед.

Законот е основа на социјалниот ред. Разумот можно е да се прекрши во име на
законот, но законот не смее да се прекрши во име на било која причина. Било кој
што го крши законот, мора да биде најстрого казнет.

4.      Даимјо-ите, пониските кнезови (шомјо) и сите земјопоседници под нив
(кјунин) мора веднаш да ги протераат од нивниот посед сите жители и воини кои
се обвинети за предавство или убиство.

Секој што ќе толерира вакви прекршоци, од предавнички карактер, самиот станува
инструмент за уништување на нацијата и е смртоносен меч што го уништува
сопствениот народ. Како може ова да се толерира?

5.      Од овој момент, не дозволувај на луѓе од
надвор да престојуваат или живеат под твоја власт. Ова не се однесува на оние
кои
веќе живеат на
твојот посед.

Секоја средина си има свои обичаи, различни од другите. Ако некој посакува да
ги открие тајните на својата средина од која потекнува, тоа е знак дека ќе
очекува услуга за возврат.

6.      Замоците на разните владенија може да
бидат поправани, под услов тоа
да биде пријавено. Нови конструкции од било каков тип се строго забранети.

Замок чиј парапет надминува
десет стапки во височина и 3.000 стапки во должина е лош за владението. Стрмни
ровови и длабоки мочуришта се причина за големи бунтови.

7.      Ако се прават промени или се создаваат
фракции во соседни владенија, тоа мора веднаш да се пријави.

Луѓето имаат тенденција да формираат фракции, но ретко ги постигнуваат своите
цели. Има и некои кои (за нивните фракции) се противат на своите господари или
татковци и влегуваат во расправи со соседни села. Бесполезно е да се влегува во
(бесмислени) промени, кога имаме поставени примери за следење.

8.      Не е дозволено тајно склучување бракови (без одобрение од бакуфу).
 
Бракот е симбол на хармонијата меѓу јин и јанг и не смее лекомислено да се
влегува во него. Триесет и осмиот хексаграм куеи (од Книгата на Промени), вели:
„Бракот не смее да се склучи за да се создадат немири. Дозволи потребата на
машкото и женското едно за друго да биде задоволена.  Ако немирите се неизбежни, тогаш правилното време поминало.“

Поемата „Млада Праска“ од Книгата на Оди вели: „Кога мажот и жената ќе
согледаат што е правилно и ќе се земат во правилно време, нема да има немажени
жени во земјата.“
Да се создаде сојуз на фракции преку брак е корен на секое предавство.

9.      Посетите на даимјо-ите (санкин) во Едо,
мора да ги следат сле
дниве
регулации:

Шоку Нихонги (Хрониките на Јапонија, продолжение) содржи регулација која вели
дека „Освен поверениците за некоја официјална должност, на никој не му е
дозволено да го собере својот клан. Освен тоа, никој не смее да има повеќе од
дваесет коњаници во својата придружба во границите на главниот град… “.
Според тоа, не е дозволена придружба од голема група на воини. За даимјо-ите со
промет од 1.000.000 коку до 200.000 коку ориз, не повеќе од дваесет коњаници
смеат да бидат дел од неговата придружба. За оние чиј промет е 100.000 коку или
помалку, бројот е пропорционален со нивните заработки. Во официјални посети,
бројот на луѓе кои се во придружбата е пропорционален со рангот на секој
Даимјо.

10. Регулациите во врска со материјалот на
облеката не смее да се прекршат.

Кнезови и вазали, претпоставени и потчинети, мора
да ги запазуваат нештата кои се правилни за нивните позиции во животот. Без
дозвола, никој потчинет не смее да носи фин бел дамаск, бела свила, пурпурни
свилени кимона, пурпурни свилени рабови или кимоно со ракави кои не носат
клански грб. Во последно време, потчинетите и војниците почнаа да носат богат
дамаск и свила. Ова не беше санкционирано од стариот закон, но сега мора да се
чува во границите на дозволеното.

11. Личности без ранг не смеат да се
превезуваат со паланкини.

Според традицијата, на одредени семејства им било дозволено да се превезуваат
со паланкини без добиена дозвола, но имало и случаи други да добиваат вакви
дозволи. Во последно време, обични потчинети и војници почнаа да се превезуваат
во паланкини, што е недозволиво. Од овој момент натаму, Даимјо-ите на разни
владенија, нивните блиски роднини и нивните истакнати службеници може да се
превезуваат со паланкини без посебна дозвола. Додатно, доктори, астролози и
личности над 60 години и оние кои се болни или инвалидизарни може да се
превезуваат со паланкини по обезбедување на посебна дозвола. Ако потчинетите и
војниците продолжат со оваа практика, нивните претпоставени ќе одговараат.
Горенаведените рестрикции не важат за дворските аристократи, високи Будистички
свештеници и оние кои ја избричиле главата.

12. Самураите од сите владенија мора да
практикуваат скромност.

Кога богатите гордо го покажуваат нивното богатство, сиромашните се засрамени
заради тоа што не се како нив. Ништо не може полесно да го расипе јавниот морал
од ваквото однесување; Според тоа, најстрого се забранува.

13. Кнезовите од сите владенија мора да одберат
способни луѓе за нивната официјална администрација.

Правилниот начин за раководење со земја е да се одберат правилните луѓе. Ако
одреден кнез јасно ги воочува грешките и доблестите на
неговите потчинети, може да дели соодеветни награди и казни. Ако владението има
квалитетни луѓе, ќе се развива подобро. Ако нема квалитетни луѓе, осудено е на
пропаст. Ова е предупредување кое ни е оставено во наследство од мудрите
предци.

                      Внимателно
следи ги наведените правила.
                       Прва
година од Гена (1615), седми месец

Закони кои се однесуваат на јапонските селани / Гонин Гуми 五人組み

Posted on Categories Списание

Методи на контрола во селата

Гонин Гуми (五人組み) биле групи од
пет домаќинства кои имале колективна
одговорност во времето на администрацијата (бакуфу) во владата на шогунот
Токугава.

Официјалната политика на администрацијата на Токугава
била да го истакне развојот на земјоделството на сметка на трговијата и
индустријата. На овој начин, како производители од кои директно зависи функционирањето
на целиот поредок, селаните биле втори во социјалната хиреархија која се
состоела од четири класи. Во реалноста, фармерите не биле ништо повеќе отколку
пиони кои ја одржуваат економската стабилност од страна на бакуфу и нивните
господари (даимјо). За таа цел,
биле донесувани различни мерки за нивна контрола.

На фармерите им било дозволено да се преселуваат од една
област во друга и да се жалат директно на повисоките органи доколку им била нанесена
неправда од господарот или судијата во областа каде што живеат. На овој начин, тие
биле искористувани за да информираат за прекршоците на службениците, со што уште
повеќе се зголемувала контролата на бакуфу. Истовремено, администрацијата била
многу ревносна во собирањето на даноците од селаните.

Гонин Гуми-те биле должни да се спротиставуваат на
скитниците и бандитите, но и да организираат заедничка одбрана против ронин-ите
(самураи талкачи). Имале водач кој бил избиран од домаќинствата, но некогаш бил
и назначуван и од самата власт. Групите не секогаш биле составени од пет
домаќинства. Во некои области, тие броеле шест, а некогаш и десет домаќинства.

 Законик за Гонин Гуми од 1632 година

1.      
Доколку некој во групата од петмина ја злоупотреби
службената должност, мора да биде пријавен без да се прикриваат фактите.

2.      
Доколку некој од групата од петмина не успее да си ги плати
своите годишни даноци или да ги обезбеди услугите кои се потребни, групата мора
веднаш да ја поправи ситуацијата.

3.      
Доколку некој од групата од петмина избега, останатите
мора брзо да го најдат и да го вратат (во првичното место на живеење). Доколку
не го обезбедат и вратат бегалецот, тогаш групата од петмина ќе биде виновна.
(Ова е типична колективна одговорност која одлично функционирала з.м.)

4.      
Никој од групата од петмина не смее ниту да праша да
работи надвор од назначената територија, или, пак, да работи во рудник во друга
област. Доколку посака да работи во место кое е дозволено, тогаш мора да обезбеди
дозвола од властите на време.

5.      
Доколку некој од групата од петмина е извонредно силен,
овој факт мора да биде пријавен.

6.      
Членовите од групата од петмина не смеат да дозволат на
некој кој е во бегство или на непознат кој е сомнителен, без разлика дали се работи
за маж или жена, да престојува во нивната куќа. Не смеат ниту да обезбедат
сместување за било човек што не го познаваат. Во случај непознатиот да е курир за
брза достава на пошта, сместувањето може да биде обезбедено откако ќе се
провери сандачето со писма.

Доколку некој ги прекрши одредбите погоре, тоа мора да
биде пријавено во канцеларијата на главниот на селото (шоја) без одолговлекување. Водачот
на селото мора истото да го пријави веднаш во локалната судска канцеларија (тедаи).
Доколку има било какво прекршување на гореспоменатите закони, ние членовите на Гонин
Гуми ќе бидеме виновни. Доколку веднаш се пријави прекршокот, ние нема да имаме
непријателски чувства кон прекршителите.

За потврда на горенапишаното, ги ставаме нашите печати
како Гонин Гуми.

Интервју со шиханот Штефен Фролих

Posted on Categories Списание

Шидоши Игор Довезенски го направи ова интервју со Штефан Фролих за време на неговиот семинар во Македонија (01/02.2008)

ИД: Господине Фролих, дали се сеќавате како се „инфициравте“ со т.н. нинџутсу „вирус“?
СФ:

Кога сте млад, ве фасцинираат телесните аспекти на боречките вештини.
Брус Ли придонесе да започнам со карате во 1975, по што доста време
учествував на различни првенства. Истовремено ги истражував корените.
Така, патував во Франција и Југославија многупати, каде тренирав со
познати учители.
Преку
Албрехт Флугер, пионер во карате, се запознав со основите на будото и
започнав да се интересирам за боречките вештини подлабоко. Започнувајќи
со џуџутсу и јога, а потоа и различни медитативни форми, продолжувајќи
со филипинските вештини со стап со Ј. Куј Рока, конечно во Германија во
1982 за прв пат се сретнав со скоро непознатата боречка вештина во тоа
време-нинџутсу.
Беше навистина
трнлив патот од моментот кога за прв пат се сретнав со оваа мистична
вештина до првиот контакт со големиот мајстор. Во 1983 година се
создаде мала група луѓе кои беа фасцинирани од нинџутсу и секој од нив
имаше различно верување за тоа како да биде концептуализиран тренингот,
како и за самата суштина на вештината.
Во
Франција се наоѓаше Силваин Гуинтард, познат учител во тоа време, кој
имаше контакти со Јапонија. Јас нему му должам многу, вклучувајќи го и
запознавањето со духовните учители. Тој беше шугендо (свештеник) и
првокласен борач со меч.
Преку него јас го запознав Соке Масаки Хатсуми во 1987 во Англија, на Таи Каи. Тогаш бев претставен пред Соке.
Тоа беше почетокот на апсолутно нов живот за мене во секоја смисла.

ИД: Вие сте основач и претседавач на ИНАГ. За каква организација се работи?
СФ:

Ова се објаснува лесно. На почеток од 80-тите беше важно да формирате
синдикат. Ние го нарековме Севкупна Нунџутсу Асоцијација на Германија
(анг. ИНАГ). Оваа заедница иницираше многу позитивни нешта. Многу
заинтересирани луѓе преку ИНАГ најдоа соодветни места за тренинг
(доџо), а многу учители свои места за предавање на вештината. Поради
силината на оваа заедница беше возможно да се покани Соке на Таи Каи во
Германија два пати, како и да се печати  неговото списание „Санмјаку“.
Би било несоодветно да се фалам со многуте позитивни ефекти. Најважно
од сé, иднината на Буџинкан ќе ни ја покаже важноста на силната
организација. Во последно време многу доџо-а и заинтересирани групи се
соединуваат, исто како што направи ИНАГ со отворената структура
Буџинкан Германија. Не постои некаква формална структура, за сé решава единствено Буџинкан Доџо на Соке, сé додека учителите го подучуваат неговиот начин.
Многу земји кои до сега не работеа на овој начин се на пат да го постигнат истото ниво.

ИД: Во Германија постои релативно добра соработка помеѓу доџо-ата на Буџинкан. Како го постигнувате тоа?
СФ:

Важно е да растете заедно и да учите еден од друг. Така, ние никогаш не
пропуштаме прилика да зборуваме за заедничките интереси додека имаме
состаноци (Шидоши Каи). Токму затоа беше возможно да организираме два
Таи Каи заедно со Соке во Франкфурт и во 2008 уште еден Таи Каи со сите
10-ти Дан-ови во Ротлинген.
Дури и кога луѓето имаат различни идеи не треба да ја изгубат почитта еден кон друг – тоа е тајната!

ИД: Што мислите за „БуЈу“ концептот на Соке Хатсуми?
СФ:

Животот во вистинското Буџинкан Доџо на Соке е повеќе интуитивен.
Човекот добива можност да расцути и да се развива директно од срцето.
Соке зборува за големо семејство кое ги крши меѓународните граници и
човечките препреки и живее во мир. Тој нé учи дека од аспект на
боречките вештини возможно е да добиете позитивна енергија. Следствено,
тој формираше структура за да го оствари тоа. Неговиот систем на
оценување ги надминува системите во другите боречки вештини и,
меѓудругото, евалуира на посебен начин. Најпрво се оценуваат техничките
способности, а подоцна и менталните. Тој ги гледа луѓето како индивидуи
на кои тој им дава можност да станат поинакви, сосема развиени и
свесни. Тој зборува за процес на развој во мудра личност која е во мир
со самата себе и која е толерантна, која ги разбира луѓето,
сочувствителна и која носи хармонија за себеси и за средината во која
се наоѓа.

ИД: Овогодинешната тема е „Нема Тема“. Како гледате на тоа?
СФ:

Таоистичкото учење се стреми да постигне разбирање и конверзија во
Јин-Јанг, за разликите и меѓусебните релации. Нас тука ни треба
отворено срце и се разбира – присуство, за да биде возможно да го
развиеме потребното Простор – Дух – Чувство. Разликите и нивните
вредности нé учат како да ја разбереме соработката, самоспознавањето и
играњето заедно со змејот и тигарот во нашата личност. Всушност,
разбирањето на нашето тело и дух.
Благодарение
на минатогодишното Деншо и учењата на Сенсеи, ние станавме способни да
разбереме како да ја отвориме (Кукан Но Суки) и како да ја затвориме
(Кукан Но Тате) нашата ментална врата.
Сенсеи вели дека тоа го трениравме со надворешните аспекти (Омоте). Оваа година сакаме да се посветиме на внатрешните (Ура).
Тој
вели дека за да се научи тоа не е потребна Рју како тема. Ние треба да
се справуваме слободно и без препреки со основите на кои, всушност,
треба да работиме и да ги разбереме. Исто така, учителите во Буџинкан
на нивна сопствена одговорност треба да подучуваат за целиот спектрум
на Буџинкан.

ИД: Според Вас, во која насока се движи Буџинкан?
СФ:

Јас сум позитивна и оптимистички настроена личност и токму така и го
гледам понатамошното развивање на Буџинкан. Важно е учителите да
зборуваат меѓу себе. Не живеам во соништата и знам дека ова нема да
биде лесно. Мораме да научиме дека ни е потребна голема толеранција и
разбирање.
Ние
сме нормално семејство. Најважната работа е добар тренинг со добар
учител. Веќе многу години сум во продлабочен контакт со Соке. Тој еднаш
рече: „ако човек кој вистински бара, сретне друг човек кој вистински
дава, патиштата ќе им се спојат“.
Соке
целосно го смени мојот живот. Кога тој зборува со мене сака природност.
Ние зборувавме во април (2008) за големите промени во светот и за
последиците кои нé очекуваат.
За
него е важно луѓето правилно да го разберат неговото учење. Ние треба
да подучуваме вистински Будо и да ги научиме нашите ученици на
вистинските вредности. Ако семејството ги учи вистинските вредности
како што се толеранција, доверба и хармонија, тогаш насоката е
гарантирано добра.

Интервју со Шиханот Ед Мартин „Папа Сан“

Posted on Categories Списание

Интервјуто со Шиханот Ед Мартин „Папа Сан“, беше направено за време
на семинарот одржан на 17 и 18 мај, 2008 година, во Скопје. Семинарот
беше организиран од страна на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, а
интервјуто го водеше главниот инструктор за Македонија-Игор Довезенски.

Довезенски: Како го добивте вашиот прекар Папа Сан?
Папа Сан: На
моето прво патување во Јапонија во 1988 година, со себе ги поведов и
моите три ќерки, за да вежбаме заедно. На мојот прв час со д-р Хатсуми
тој ме погледна мене и моите три ќерки и рече: “Папа Сан”. Оттогаш,
сите ме завикаа така.

Довезенски: Кога почнавте да вежбате нинџутсу и кој беше вашиот прв учител?
Папа Сан: Кога
мојата најстара ќерка наполни 16 години и ја доби својата возачка
дозвола, побарав од ќерките да почнат да вежбат боречки вештини. Не
сакав никогаш да станат нечија жртва. Почнавме да вежбаме Шорин Рју
Карате кај Кен Серфас. Тоа беше во 1982 година. Вежбавме сите заедно.
По една година вежбање карате, нашиот инструктор посети нинџутсу
семинар и со себе го донесе тоа што го видел таму. Беше многу подобро
од тоа што ние го работевме и така целото школо се преориентира кон
нинџутсу. Во тоа време се обидувавме да вежбаме нешто што не беше така
достапно. Тешко доаѓавме до било какви информации. Да учиш од личните
грешки е тешко за сопственото тело.

Довезенски: Можете ли да ја објасните разликата меѓу нинџутсу во осумдесетите и денес?
Папа Сан:Во
раните осумдесетти речиси беше невозможно да се дојде до добра
информација. Денес тоа е лесно достапно и има многу добри пишани и
одлични видео извори доколку сакате да ги побарате. Денес, исто така,
има квалитетни, квалификувани инструктори. Кога јас започнував, ние
дури не можевме да дознаеме што е тоа “Кихон Хаппо”, или, пак, кои
техники се вклучени во него. Денес сите знаеме дека Кихон Хаппо е
најдобар начин за вежбање на основата.

Довезенски: Разгледувајќи
ги старите магазини за боречки вештини, можам да забележам дека вашиот
камае бил многу длабок и ученички. Денес, како и Соке Хатсуми, во
речиси секоја техника, Вие сте во шизен но камае. Дали тоа доаѓа со
искуството или со годините?
Папа Сан:Кога
почнувавме да тренираме нинџутсу, ставовите беа длабоки. Според мое
мислење, тоа имаше две цели. Едната беше да се постигне поголем степен
на физичка кондиција што е важно за боречките вештини. Обиди се да
стоиш во “јавачки став” 10 минути и ќе разбереш што сакам да ти кажам.
Другата причина беше да ги научиме потребните движења. За да видиш
нешто јасно, мораш да го рашириш, за подобро да го разбереш. На тој
начин се учи. Тие широки ставови се прават додека не се разбере
основата. Шизен е природна и нормална положба, не дава никакви
информации за вашите способности на потенцијалниот напаѓач. Никогаш не
сакаш да му дадеш информација на твојот напаѓач. Кога тој ќе нападне,
заврши ја борбата веднаш. Не му давај втора шанса. Шизен но камае дава
многу можности за движење, со мала „потрошувачка“ на движењата.

Довезенски: Вие сте во осмата деценија од вашиот живот и се уште патувате насекаде низ светот. Зарем тоа не ви преставува тешкотија?
Папа Сан: Една
од највредните лекции, која ја научивме од д-р Хатсуми е “продолжи
понатаму”. Ако го сопреш движењето, можеби подоцна нема да бидеш
способен да го продолжиш. Како во старата поговорка „користи го додека
можеш, подоцна ти е бадијала“. Секако, некои од долгите летови се
исцрпувачки, особено тие од Америка до Австралија, но секогаш морате да
знаете што е важно за вас. Јас сакам да запознам колку што е можно
повеќе луѓе од целиот свет, кои ја владеат оваа вештина, а нинџутсу го
гледам како начин да се направи светот помирно и попристојно место за
живеење. Тие што ги напаѓаат другите, никогаш не мислат дека и самите
можат да бидат повредени. Но ако нивната акција им предизвика болка,
тогаш ќе научат дека не е исплатливо да ја повторуваат акцијата. Колку
од вас, кога биле деца, допреле топла печка? Дали потоа ја допревте
повторно? Најверојатно научивте од првото искуство. Ако можеме да му
обезбедиме соодветно искуство на напаѓачот, тогаш му помагаме да учи.
Соодветно искство за некој што сака да предизвика болка, е таа болка да
ја почуствува самиот. На тој начин ќе научи да не ги повредува другите.
Повратната спрега мора да биде моментална, бидејќи ако се одложува,
тогаш нема да се научи лекцијата. Јас сакам да помогнам да се направи
таа промена во нашиот свет и затоа продолжувам да го правам тоа што го
правам.

Довезенски: Како ја гледате иднината на Буџинкан, дали следниот Соке може да одговори на предизвиците што го очекуваат во 21 век?
Папа Сан: Најпрвин,
иднината на Буџинкан зависи од сите нас. Треба да работиме заедно и да
им помогнеме на учениците да научат. Ако ги искористиме нашите вештини
со цел да го подобриме општеството, тогаш визијата за влијанието на
Буџинкан за подобар свет може да се оствари. Ако се разделиме поради
нашите глупави егоистични ставови, тогаш потенцијалот нема никогаш да
исплови на површина.
Што се однесува до „следниот Соке“, ние дури и не знаеме дали д-р
Хатсуми ќе назначи некој, но несомнено таа личност ќе може да одговори
на предизвиците. Тоа го знаеме од историјата на нинџите, тие секогаш
биле креативни. Секогаш пронаоѓале креативни решенија за нивните
проблеми. Брзото прилагодување било главната карактеристика на секој
нинџа. Затоа сметам дека секој нов Соке ќе биде способен да одговори на
секој предизвик што го очекува. Прилагодливоста е најважна за тоа што
го правиме. Очекувам дека вештините на Буџинкан ќе бидат од неизмерна
корист за луѓето од целиот свет, а грешките што сега се праваат ќе
бидат поправени од самите луѓе.

По линијата на сечивото до Јондан (Полагање за 4 Дан)

Posted on Categories Списание

-Ок, рече Папа Сан на крајот од првиот ден на семинарот. Тоа што сакав
да видам, го видов на тренингот во четвртокот, денес видов и дека си
способен лесно да се одбраниш од еден противник. Тоа што сакам следно
да го направиш, е да се одбраниш од тројца противници одеднаш. Одбери
тројца.
-Марко, Марјан и Александар, реков, или барем така бев убеден. Ги
одбрав овие тројца, знаејќи дека станува збор за луѓе со високи морални
вредности, чесни, а истовремено и добри „техничари“ во доџо-то.
Личности кои знаат како да нападнат и кои никогаш не удираат во празно.

-Добро, рече Папа Сан. Сакам од вас тројца да напаѓате најдобро што
знаете и умеете. Потоа не погледна сите четворица и рече – Доколку
некој од вас биде погоден во нос или во очи, вие сте исфрлени од игра.
Можете да почнете.
-Александар, земи нож, изустив, покажувајќи на дрвеното танто на подот.
Во тој момент мојот мозок се исклучи целосно.
Тишина…
Единствено што чуствував за време на борбата беше дека напаѓачите се
лесни како пердув и дека ги фрлам на сите страни со невидена леснотија.
Чуствував голема сила, мислев дека можам да подигнам огромна карпа без
никаков напор, но и истовремено да фатам пеперутка во лет без да ги
повредам нејзините нежни крила. Целосна контрола врз моето тело.
Контрола врз противниците и просторот. А нападите ми делуваа спори како
на забавена снимка. И тоа што најмногу ме замисли отпосле. Способност
да убиеш за неколку секунди доколку животот ти е во опасност.
Да не ја прегледав снимката кога си заминав дома, немаше да знам дека
во групата што ме напаѓаше, воопшто не бил Марјан, туку Зоки. Немаше да
знам дека за кратко време го одземав ножот од Александар, и дека,
додека тројцата ме напаѓаа, сечев и бодев со него по нивните тела.
Немаше да знам дека не примив ниту еден удар по моето тело. Немаше да
знам дека почнаа да скокаат врз моите нозе, а дека јас се ослободуваав
повторно и повторно…
-Доволно рече Папа Сан, само да знаете дека сите бевте погодени со
ножот по неколку пати, а вие сепак станувавте и продолжувавте да се
борите, ги прекори тој моите напаѓачи.
-Сега, продолжи стариот, гледајќи ме со неговите продорни сини очи,
треба да го избегнеш мечот. Тој го подигна бокенот високот во положба
Даи Џодан но Камае и замавна со сета сила кон мојата глава. Се обидов
да избегнам со Саншин Сабаки но…банг, бев погоден во клучната коска.
Готово е, помислив. Мојот ум, кој дотогаш беше како мирно езеро, беше
разбрануван со фрлениот камен кој почна да предизвикува се повеќе
бранови. Не смеев да го дозволам тоа. Мислев дека првиот пат шиханот
само ќе ми објасни како треба да избегнувам, и како тој планира да ме
нападне, но…грешката беше моја. Биди спремен кога пред тебе стои
нинџа, вели старото правило. 
Застанав повторно пред него, но сега со енергија која се расипува на
сите страни. Преку техника на дишење се обидов да го вратам мојот мир
назад. Диши длабоко на нос, издишувај длабоко на уста. Но, немаше
време. Вториот удар дојде уште побрзо од првиот. Овој пат бокенот
заврши во мојата глава. Одглумив дека правам укеми, но всушност бев
покосен од силниот удар. За момент ми се стемни, но веднаш станав како
ништо да не се случило. Иако, обложен со 4 мм сунѓер, во внатрешноста
на бокенот се наоѓаше солидно парче дебело буково дрво.
Опушти се, рече шиханот и повторно замавна. Овој пат се извлеков без да ме допре. Некоја сила ме исфрли наназад.
-Повторно, рече Папа Сан. Знаев зошто не е задоволен. Го избегнав
ударот, но бев премногу далеку од него. На тој начин, ќе може да ме
нападне повторно.
Следниот удар дојде веднаш, повторно без предупредување. Само малку ме
закачи по рамото. Повторно не успеав. Ако ударот беше нанесен со
катана, ќе искрварев за кратко време.
Имав уште една шанса. Овој пат го сменив местото. За време на тестот ја
чуствував енергијата на луѓето позади мене. Ја нарушуваа мојата
енергија со нивните измешани чуства. Застанав мирно и се опуштив.
Повторно, невидливата сила ме помдрна само малку во страна. Ги извртев
колковите и вешто го избегнав ударот на шиханот. Бокенот помина покрај
моето лице без да ме допре.
-Одлично, рече Папа Сан. Што се однесува до мене, ти од денес имаш Јондан (4 Дан).
Почнав да се поклонувам на сите страни, додека моите ученици ми
честитаа и ме удираа по рамо. Дури сега почнав да се враќам во
реалност. Малку бев исплашен поради една работа. Се чуствував како
празна вреќа. Никакви емоции. Никаков израз на лицето. Јас ли сум овој?
Јас, кој секогаш „вриел“ од емоции?
Заминав дома. Мојата сопруга ја пушти снимката на малиот екран на
телевизорот. Гледав што се случува. Како да не ми се случувало мене. Не
се сеќавав на ништо. Гледав како ги расфрлам напаѓачите на сите страни.
Како го земам Марјан (во првиот дел од тестот при одбраната од еден
напаѓач) со едната рака и преку грб го префрлам во другата рака и потоа
го фрлам на земја. Како да е кукла наполнета со слама, а не човек од
крв и месо.
Го исклучив телевизорот набрзина. Се обидов да погледнам преку очите на
луѓето кои присуствуваа на моето полагање за 4 Дан. Знаев, дека кога
гледаш од страна ти доаѓат 1000 сценарија во глава за тоа што би можел
да направиш. Но не знаев дали тие знаат колку е тоа тешко кога не си
гледач туку учесник во борба.
Се прашував како е можно, човек кој има повеќе од 70 години, и кој
толку споро и старечки се движи додека оди, да добие толку голема
брзина и сила секогаш кога му треба. Ах, на тоа прашање веднаш си
одговорив. Тој е нинџа…
Дури кога ги прибрав мислите и ја повратив енергијата назад, бев многу
среќен. Положив за Јондан. Знам многу луѓе кој на различен начин дошле
до својот Дан. Во минатото, во една прилика, и мене ми беше подарен без
тестирање. Затоа и не го почитував мојот Шодан (1 Дан), иако и денес
сум благодарен за него. Сите следни Данови ги добив на тежок начин и
така го вратив достоинството.
Една случка допринесе да се чуствувам посебно достоинствен. После
тестот, додека се преслекував во гардеробата, влезе еден од моите
ученици и ме праша – Сенсеи, зошто не ни кажавте дека ќе полагате
денес, ќе можевме да ви кажеме на кој начин ќе ве нападнеме, ќе беше
многу атрактивно. Го погледнав „бледо“ во очи и му одговорив – Ако ви
кажев, немаше да ме почитувате повеќе!
За време на вечерата Папа Сан ме предупреди. Внимавај сега, рече
стариот учител, може ќе се јават многу незадоволни луѓе од нашата
организација. Како и секаде, политика е длабоко навлезена и во
Буџинкан. Ќе почнат да зборуваат многу лоши работи за тебе. Никој не
сака конкуренција во својата близина. Но, д-р Хатсуми е голем човек,
продолжи тој. Соке вели дека ако нема такви луѓе во Буџинкан, како
тогаш ќе знаеме кој вреди, а кој не.
Што добив со мојот Јондан? Отворив уште една врата. Зад оваа врата
видов уште поубави нешта. Убавината на нинџутсу е во тоа што зад секоја
врата гледаш нови пејсажи и сите се поубави од претходните. А најубаво
од се е што има толку многу врати, што не можат да се отворат за време
на еден човечки живот. Потребни се многу генерации за да го сторат тоа.

Сега знам и што е тоа Мушин (реакција без свест). Нема да се обидам да
го опишам. Ќе оставам на моите ученици сами да го почуствуваат.
По кој знае кој пат, ја почуствував егзотиката на Нинџутсу. Покрај
другото, треба да избегнеш меч  за да добиеш шанса да ја отвориш
следната врата. Не треба да полагаш, така што некој ќе те држи за рака,
а ти до бескрај ќе изведуваш техники и кати врз него. Или, пак, некој
ќе те напаѓа со раце и нозе, а ти ќе поентираш со контра техники. Тука
ти треба чуство. Да преживееш. Како знаеш и умееш. Некогаш учителот го
напаѓал ученикот со вистински меч. Малкумина успевале да го поминат
тестот. Но, цели села и области зависеле од способноста на новиот
водач. А тој морал да ја докаже својата вештина со избегнување на мечот
од зад грб. Но, тоа е веќе друга приказна која засега ќе почека. Тоа е
тестот на 5 дан (Сакки).
Јас се уште не можам да зборувам за тоа…Тоа е следната врата што треба да се отвори.

Интервју со И. Довезенски за „Дневник“

Posted on Categories Списание

Во
овој “луд” свет секоја девојка, но и жена, мора да знае некој вид на
самоодбрана за да може барем на некој начин да се справи со
насилниците. Кога разговарав со една ваша ученичка, ми кажа дека ќе организирате курс каде што ќе се учат мал дел од овие вештини. Што ќе понудите во оваа работилница?

Ќе понудиме концепт што е проверен и ефикасен веќе стотици години. За
време на курсот нема да се учат само физички, туку и ментални техники
на самоодбрана. Тоа подразбира подготовка на умот во кризна ситуација
кога интегритетот на жената е загрозен, во секоја смисла на зборот.
Освен тоа, курсот е замислен да одговори на реални ситуации, како што
се одбрана од напаѓач без и со оружје, но и ситуации кога напаѓачот ќе
нападне со раце, со нозе, со зафат од напред или од позади, кога ќе ја
собори жртвата на земја и слично. Но, можеби најважно од се, е што
учесничките ќе научат како да не дојдат во ситуација да бидат
нападнати, а тоа, секако, повторно се должи на умствените техники.  

Дали жените кои не се во добра физичка форма може да ги користаат овие вештини, знаејќи дека тие се малку поспори во реакциите?

Вештините што се изучуваат во нашето Школо за борбени вештини, немаат
никакви допирни точки со спортот. Нашите членови не тренираат за да
освојуваат медали на натреварите. Вештините кои ние ги изучуваме се
создадени да одговорат на ситуации кога нашиот живот е во опасност. Тоа
значи дека нив можат да ги користат и стари и млади, и дебели и слаби,
нема никакви ограничувања. Ние луѓето самите се ограничуваме, со нашата
слаба воља и со нашето големо его.

Колку кај нас жените воопшто се заинтересирани да посетуваат вакви курсеви?

И јас би сакал да го знам одговорот на ова прашање. Со оглед на тоа што
ова е прв курс од оваков вид во нашата земја, не можам ништо да
предвидам однапред. Но, и да се пријави само една жена за учество во
работилницата, јас ќе бидам среќен и ќе се потрудам да и пренесам дел
од моето знаење. Ако можам да помогнам барем на една личност, да добие
знаење кое можеби некогаш ќе и биде од корист, мисијата е исполнета. Од
друга страна, можам да ви дадам одговор колку припадничките на
понежниот пол се заинтересирани за членување во нашето школо односно на
редовните часови, а одговорот е дека во последно време нивната бројка
се повеќе се зголемува.   

Колку од жените што ќе ја поминат работилницата, се храбри да го употребат наученото?
-Не
станува збор за храброст. Храброста не се учи. Таа се стекнува со
раѓањето и низ животот односно низ ситуациите кои не следат низ него. И
тие што не се храбри, кога животот ќе им биде загрозен, кога
адреналинот ќе почне да расте, ќе направат обид за да се заштитат. Е
тука наученото доаѓа да израз. Но, како што реков, многу е поважно да
научат како да не дојдат во таква ситуација.  

Бидејќи
секоја боречка вештина има своја историја и место од каде што
потекнува, кажете ми нешто повеќе за самоодбраната за жени, од каде
извира оваа умешност?

-Нема
посебна вештина која е создадена да одговори посебно на потребите за
самоодбрана на мажите или на жените. Меѓутоа, во некои од старите
јапонски вештини, како што е Тогакуре Рју Нинпо, има посебна подвештина
која се вика Куноичи Џутсу, а која била изучувана од жените-воини во
феудална Јапонија. Освен што требало да ги совладат сите физички
техники кои ги учеле и мажите, женските воини биле обврзани да
изучуваат и науки како што се психологија, филозофија и медицина, со
цел да бидат ефикасни во борбата против своите непријатели. Ние, како
претставници на спомената вештина за Македонија, од тука ги црпеме
техниките кои ќе се изучуваат на курсот.

Тешко ли е да се совладаат овие вештини и на што воглавно се базираат?
-Би
бил неискрен ако кажам дека е лесно. Позади секој успех стои многу
труд, а богами и многу пот. Членовите на нашето школо ги разбираат
боречките вештини како начин на живот, и затоа не им е многу тешко да
ги совладаат техниките. Кога работиш нешто со голема љубов, тогаш не
постојат никакви тешкотии. За нас е нормално да тренираме четири пати
неделно, уживаме во тоа, а ако случајно испуштиме еден тренинг, веднаш
почнуваме да се чуствуваме како “болни”.
Техниките кои ќе се изучуваат на курсот, се базираат на брза и
ненадејна реакција, измама и неочекувани реакции од страна на жртвата
на нападот.

Со какви предиспозиции треба да располоагаат жените кои сакаат да дојдат и да ја посетат работилницата?
-Единствен
услов е да се чуствуваат доволно здрави. Треба да се “вооружат” со
позитивни мисли, да имат искрено срце и отворен ум. Никакви предиспозии
не се потребни.

Дали ќе има можност заинтересираните да се приклучат на курс во кој би можело подобро да се усоврши ова умеење?
-Вратата
на нашето школо е секогаш отворена за сите кои имаат желба да научат
нешто повеќе за јапонските класични боречки вештини. Зачленувањето трае
во текот на целата година.

Потребно ли е претходно пополнување на некоја пријава?
– Пријавата се пополнува на лице место, пред почетокот на курсот. 

Имате ли лимит колку луѓе може да се пријават?
-Имаме.
Лимитот е предвиден само поради една работа, а тоа е сите учеснички во
работилницата да добијат доволно внимание. Тренингот во помала група е
секогаш поефикасен, но, ако се пријават повеќе од 20 учеснички, би
можеле да организираме уште една работилница за сите кои се
заинтересирани за тоа.

Кои ќе бидат предавачи на работилницата?
-Работилницата
ќе ја водам јас, како главен инструктор на Буџинкан Доџо за Македонија,
помогнат од моите ученици Бојана Груневска и Марко Опачиќ.

Доколу одзивот биде голем, дали има можност да се повтори истата работилница?
-Секако.
Ако има доволно заинтересирани, ќе ја повториме работилницата, но
планираме и следно ниво, во кое ќе се изучува употребата на
секојдневните предмети, кои можат да се најдат во секоја женска чанта,
за самоодбрана во случај на напад.

Од белешките на Свенерик Богсатер…

Posted on Categories Списание

Текстот е дело на големиот нинџа мајстор Свенерик Богсатер (15 Дан).

Истиот е објавен во магазинот „Ура и Омоте“ во 1996 година.

Ова не функционира…премногу е споро…тоа не е вистинскиот начин…не е експлозивно доволно…Ние најдовме или направивме нова форма, модерно нинџутсу!

Модерно нинџутсу? Каква глупост ли е ова? Ако твоето таиџутсу не ти помогнало да победиш во борбата, реално, не е проблемот во таиџутсу-то. ПРОБЛЕМОТ Е ВО ТЕБЕ!!!

Што е тоа што е наречено модерно нинџутсу? Тоа е како да направиш спорт од уметност! А што со тоа? Или, тоа е исто како и кик-боксот, земаш малку техники од многу форми и правиш неколку техники за една форма…И пак… што со тоа? Ајде да земеме неколку денешни хај-тек оружја и да направиме копје и штит од нив.

Тоа е сепак само нечија идеја да се направат што е можно повеќе пари од оваа уметност, ништо повеќе. Или, пак, тие луѓе сакаат себе си да се наречат „мастери“, учители…

Ако сакаме убаво да свириме (таиџутсу),
мораме да вежбаме. На почеток, голема е дисхармонијата, мелодијата е
раштимана, и звуците скоро и не звучат како музика….повеќе е шум
отколку мелодија. Но, колку повеќе се трудиме, толку повеќе стануваме
блиски (поврзани) со нашите инструменти (умот/телото) и уч
име да креираме мелодија (техника). Преку секојдневен тренинг/учење нашата самодоверба се зголемува и ќе можеме да ги свириме едноставните мелодии (движења). Како и да е, сеуште сме мнооогу далеку од усовршувањето на инструментите. За да се постигне тоа, потребно е долготрајно учење и работа. 

Како
во голфот и шахот, некои луѓе ја имаат способноста да стигнат до
„светското ниво“, а други никогаш нема ни да бидат нешто повеќе од
амбициозни „аматери“. Но, во се што правиме, вклучувајќи го и нинџутсуто, во се е важна нашата самодоверба, нашата студија и напорната работа која ја посветуваме самите на себе, која ни дава можност секој од нас да си ги користи талентите на најдобар можен начин.

Не си ги трошите талентите во некои „модерни вештини“ или „модерно нинџутсу“, бидејќи како што изгледа, тие кој го заговараат тоа, не ги знаат основите, филозофијата, длабочината на таиџутсу-то. Не дели совети додека не си длабоко навлезен во тоа што го работиш. Но и не ги учи оние личности кои не ти даваат можност да си ги наполниш батериите со чиста и искрена природна моќ.

Хатсуми
рекол: „Кога ќе научиш да го слушаш ударот на твоето срце, тогаш ќе
почнеш да живееш; звукот од срцето е музиката, мелодијата на животот.
Да живееш во неа и со оваа фантастична мелодија, тоа е нашето БУДО.“

За да го постигнеме тоа ниво, мора да ПРАКТИКУВАМЕ и УЧИМЕ, а не само да ПРАКТИКУВАМЕ. Нинџутсуто е таиџутсу, а таиџутсу-то не е едноставен self-defence систем. Нинпотаиџутсу е уметност, уметност во која се живее, која го прикажува начинот на живот, и начинот на преживувањето. Нинпотаиџутсу ти дава, ако можеш да го забележиш тоа, можност да го живееш својот живот, а не само да го почуствуваш. И како и секоја уметност, од тебе зависи дали тоа ќе успее или нема да успее.

Како што кажав претходно, нема ништо погрешно во таиџутсу-то. Проблемот е во ТЕБЕ.
Превел: Димитар С.

Реи Хо – начин на однесување и поздравување во доџо

Posted on Categories Списание

ШИНЗЕН РЕИ-ДУХОВНА МОЛИТВА

Се изведува пред и на крајот на тренингот. Учениците застануваат во
една линија свртени кон камизата, со тоа што најстариот по ранг,
застанува прв од десната страна на учителот. На наредба на учителот
„сеиза“, сите ја заземаат положбата „сеиза но камае“. Тогаш, најстариот
ученик вели „сенсеи ни реи“ (поздравете го учителот), по што, сите
ученици го поздравуваат од седечки поклон (со двете раце на земја, но
прво левата, па десната). Учителот го возвраќа поздравот со поклон.
Потоа, учителот се врти кон „камизата“ (боречкиот олтар) и ги склопува
рацете во положба „гашо“, додека учениците го следат, и ја изговара
молитвата „шикин харамитсу даи комјо“
(молам за заштита и просветлување на тренингот). Учениците ја
повторуваат молитвата во еден глас, а потоа, сите плеснуваат со рацете
два пати, по што се поклонуваат. По ова, сите се исправаат, повторно
плеснуваат уште еднаш и пак се поклонуваат, по што, повторно се
исправаат со рацете во гашо. (Со молитвата и плескањето се бара од
божјите сили храброст и сила, а истовремено се бркаат лошите сили од
местото на тренингот). Во минатото, оваа молитва била тајна која
учителот ја пренесувал на избраниот наследник на вештината (соке).
Потоа, сите ги спуштаат рацете на колена, а учителот се врти кон
учениците и поклонувајќи се вели „онегаи шимас“ (ве молам за
тренинг/асистенција), по што, учениците повторуваат поклонувајќи се.
Може и најстариот ученик да го замоли учителот за тренинг, по што сите
заедно повторуваат „онегаи шимас“. Потоа, сите стануваат, прво со
десната, па со левата нога и тренингот започнува.
Целата процедура се повторува и на крајот на тренингот, само што
наместо „онегаи шимас“, учителот вели „домо аригато гозаимашта“
(најсрдечно ви се заблагодарувам за наученото/за тренингот). Потоа
учителот може да каже „ојасуми насаи“ (имајте добра вечер), со што
тренингот и формално е завршен.
Пред духовната молитва учителот може да побара и медитација-„мокусоо“,
која може да почне со командата „хаџиме“ (почни), а прекинува со „јаме“
(стој).
Во „за реи„ се поклонуваме и по покажаната техника.

сенсеи И.Д.

Сеќавањата на Фумио Манака…

Posted on Categories Списание

Забелешка: Фумио
Манака шихан е еден од првите ученици на соке Масааки Хатсуми. Во 1996
година тој ја напушта организацијата на својот учител (Буџинкан) и
оснива своја, наречена Џиненкан. Иако, тој чекор е оценет како нечесен
и неправеден, сепак, мислењето дека Фумио Манака е еден од најдобрите
ученици на Хатсуми останува да важи до денес. Тој е најпознат по
неговите беспрекорни кихон (основни) техники.

Овој
текст е дел од неговите сеќавања за првата средба со својот учител
Хатсуми, објавени во едно американско списание за боречки вештини.

 Први чекори

Иако градот Нода во областа Чиба го нарекува „мој дом“, Фумио Манака е роден во соседната област Ибараки
на 14 декември 1945 година. Неговото семејство се преселило во Нода
кога тој бил доволно возрасен за да започне основно училиште. Тогаш почнал да изучува џудо, на 12-годишна возраст.

“Кога почнував, само сакав да бидам посилен”, се сеќава Манака сенсеи. Тој имал желба да бисе силен, бидејки како дете бил прилично слаб. Се сеќава дека бил носен по доктори практично на секои два дена, се до 10-годишна возраст, бидејќи имал слаб имун систем и како резултат на тоа бил
многу болежлив. Неговите родители биле толку загрижени за неговата
состојба што ретко му дозволувале да излегува од дома. Тој конечно
одлучил дека единствениот начин за да го подобри здравјето бил да се зајакне себеси, па затоа, против вољата на родителите, почнал да тренира пливање и џудо. Другата мотивација за тренирање боречки вештини била слична како и меѓу момчињата на негова возраст,  “Не сакав да изгубам, ако се затекнам во борба”.

За
време на втората година од тренирање џудо тој освоил прво место во
индивидуален натпревар на регионалниот младински турнир  меѓу средните
училишта во северна Чиба. Масааки Хатсуми, сеикотсу практичар (нешто помеѓу остеопат и киропрактичар), исто така од Нода, бил специјален гостин на настанот. Кога младиот Манака отишол да ја прими наградата, бил претставен на човекот кој ќе го смени текот на неговиот живот.

“Директорот на одборот за образование ми го даде сертификатот за наградата и покажа кон Хатсуми сенсеи, кој седеше до него, со коментар дека тој е нинџа ”, се сеќава Манака сенсеи. “Кога го слушнав зборот нинџа, можев само да го поврзам со Сарутоби Сасуке (јапонски нинџа јунак) од стриповите. Тоа толку ми звучеше супер!”

Господинот Хатсуми го поканил младиот Манака да се приклучи на неговите часови. “Хатсуми сенсеи
ми препорача да го пробам тоа”, се сеќава Манака, “и бев убеден дека
тоа ќе ме направи појак отколку што ќе ме направи џудото”.
Тој ја прифатил понудата и следниот ден се појавил во домот на Хатсуми, кој служел и како негова сеикотсу канцеларија.

Тоа што Хатсуми не го знаел во моментот кога ја дал понудата било дека младиот Манака имал само 14 години. Кога го дознал тоа, го советувал момчето да почека барем уште една година. Без никаков страв младиот Манака рекол, “Јас го поминав сиот овој пат за да Ве
видам, зошто не ми покажеш само малку денеска?” И така, тој започнал да
тренира нинџутсу. Тинејџерот бил толку сигурен дека тоа е тоа што го барал, па затоа се откажал од џудото кратко време потоа.
”Јас бев на средината од моите адолесцентни години”, се сеќава Манака сенсеи, ”кога сакав да се бунтувам против се што возрасните ми наредуваа да правам. Како и да е, сенсеи Хатсуми беше толку различен од другите возрасни. Тој не беше строг или најсточив околу било што. Јас сакав да бидам како него. Сакав да имам такво отворено и приемчиво срце”.

“Искреноста и отвореноста на Хатсуми сенсеи беа инспиративни”, се сеќава Манака… „но самото тренирање не претставуваше забава воопшто, затоа што, се што правев, беше учење техники”. Тој се сеќава како првите две и пол години од неговото учење ги поминал вежбајќи само удирање со раце и нозе, паѓање и други нинџа вештини. Тоа било се што му било потребно за да може да тренира заедно со Хатсуми сенсеи и неговите 5 или 6 пријатели, кои тренирале со него во тоа време. “Во почетокот”, кажува Манака сенсеи, “Јас бев само жртвено јагне за нивните експерименти”.

Тој се сеќава како тренирал во соба од куќата на Хатсуми сенсеи која што била не поголема од 6 татами (сламени душеци). “Ќе го тргневме мебелот и неговата маса за прегледи на страна за да направиме простор, така што, имавме малку вреден простор за тренирање. Кога мојот укеми беше сиромашен,
бев фрлан во аглите со маси и други нешта”. Како последица на тоа,
неговата способност да прима техники и тешки падови многу брзо се
подобрила.

Со тек на време пријателите на Хатсуми си заминале еден по еден, оставајќи го младиот Манака како постар ученик. Наскоро му се приклучиле други,  вклучувајќи ги Тсунехиса (сега Шото) Танемура, Тетсуџи Ишизука, Хидео Сено и Коичи Огури. Заедно со Манака сенсеи, овие господа го формирале јадрото околу кое Хатсуми сенсеи го изградил Буџинкан Доџо. Тие петмина биле првите и избраните ученици на Хатсуми на кои им било дозволено засебно да ги проучуваат специфичните рју-ха (стари школи) од кои што денес е направена синкретичната уметност-Буџинкан Будо Таиџутсу.
За време на неговите сениорски години во средното училиште, уште еден клучен настан се случил во животот на Манака сенсеи. “Причината поради која што се пријавив во војска е интересна приказна. Едно момче, кое седеше до мене за време на мојата последна година во средното училиште, ме праша дали сакам да го полагам приемниот испит на Воената академијата. Студирањето таму беше бесплатно, па така решив да се обидам. На крајот јас положив, а момчето кое ми го даде предлогот падна на испитот. Кога дојде време за упис на факултет, најпрвин полагав на другите универзитетите на кои што сакав да одам, меѓутоа, не положив ниту еден испит. Така, решив да се приклучам на Воената академија.”

„Наредникот (во тоа време Американец), беше заинтерерсиран за јапонските боречки вештини“. И покрај тоа што Манака сенсеи му покажал неколку нинџутсу кати, искусниот војник останал неубеден и воздржан. Еден ден Манака му подал краток дрвен меч и му рекол да го нападне како што сака.
“Јас ја употребив стратегијата Дозволи да те повредат малку за да ги
повредиш многу. И додека се скратуваше растојанието меѓу нас, јас ја поставив мојата рака во неговиот простор. Многу брзо, со малку движење, тој тргна да ја пресече.” Манака сенсеи
го игнорирал мечот, ја повлекол назад својата лева рака и го клоцнал
војникот, толку моќно што наредникот бил соборен на земја. “Тоа беше
толку умешно сторено, што дури и јас се изненадив. Тогаш го запрашав, сакаш ли да го направиш тоа повторно?, а тој одговори, нема потреба“. Манака сенсеи почуствувал дека од тогаш, американскиот војник почнал да ги цени јапонските борбени вештини. “Од тој ден,
неговиот став комплетно се смени и тој ми се обраќаше со Господине.
Јас секако продолжив да комуницирам со него како и порано, со
почитување и симпатии“. Двајцата војници станале добри пријатели.
“Уживав учејќи го како да фрла шурикени, а за возврат, од него учев фрлање ножеви на американски начин.”

Манака сенсеи верува дека неговите години на традиционално тренирање, во кое бил воведен од Хатсуми сенсеи, а кое
нема натпреварувачки аспекти и не ја пренагласуваат атлетската
способност, големина или брзина, ја формирале основата на неговото
сегашно движење, начин на мислење и постоење. “Таиџутсу беше
најголемиот фактор во изградбата на мојата личност”, вели Манака сенсеи. “Сега, будото стана дел од ритамот на мојот живот.”

Со тоа што бил прекомандуван на секои 2-3 години, било отежнато редовното тренирање под директно водство на Хатсуми сенсеи.
“Тоа го надоместував правејќи домашни соло тренинзи со веќе научените
работи”, вели Манака. Тој внимателно истражувал и предано работел на
сите техники што ги научил, во најситни детали. Правел склекови на палците и на зглобовите на прстите, со цел да ги оддржува во кондиција дланките и рацете за удирачките техники кои ги учел од Хатсуми сенсеи. Работел и да ги усоврши техниките со оружје, кои ги учел за време на неговите патувања во Нода, што вклучувало се: од јапонски меч, до ханбо (дрвен стап од 90 см.), јари (копје), но и специјализирани оружја како што е кјокетсу шоге (нож со кука закачен за метален прстен со јаже). Тој запишувал многу белешки и претерувал со читање текстови поврзани со нинџутсу. Исто така, Манака спарингувал и тренирал со практиканти на други боречки вештини.

Денес,
Фумио Манака се присетува на првата реална борбена ситуација, за које
вели, направила да ја разбере суштината на ма-аи (тајминг и дистанца). „Се сеќавам, кога се соочив со еден многу добар каратиста. Заземавме дистанца, но како што се доближувавме, воздушниот притисок како да не спречи да дојдеме поблиску. Тоа е она што се нарекува ма-аи. Тоа е
искуство кое не може да се почувствува при регуларен тренинг. Кога
двајца луѓе ќе се соочат на тој начин, тие се како две кучиња кои ржат
и лаат едно на друго, при што, никој не го прави првиот потег“.

Иако,
Манака сенсеи денес е канчо (старешина) на своја организација за
боречки вештини, тој секогаш со гордост истакнува дека се што научил е
благодарение на Масааки Хатсуми сенсеи.  

Превела: Б. Груневска