На 24 февруари (недела), во Хомбу Доџото на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, ќе се одржи тренинг на тема Јавара Џутсу.
На овој настан ќе може да присуствуваат сите ученици на Буџинкан
Македонија, без разлика на нивото на знаење. Инаку, јавара е кратко
дрвено стапче, чија што должина може да варира од 10 до 30 сантиметри,
но предноста на оваа вештина е што јаварата може да биде заменета со
било кој предмет што го користиме секојдневно, како што е пенкалото,
моливот, чешелот, привезокот за клучеви и слично.
Целосна боречка вештина, која користи целосно легални предмети од
секојдневието и одлични техники кои овозможуваат самоодбрана во секое
време и на секое место.
Тренингот ќе започне во 11.00 и ќе трае до 14.00 часот (цена 200
денари), а потоа ќе следува прикажување на документарниот филм „Човекот
како оружје“, снимен и прикажуван на сателитскиот канал „Хистори“, во
кој, како тема е обработена вештината нинџутсу. Секако, сето тоа ќе
биде проследено со стручен коментар и објаснување.
Не пропуштајте го овој тренинг. Пријавете се на време!
П.С. Понесете со вас дрвено односно метално стапче, чешел или пенкало.