Кукишин рју Нагината

Posted on Categories Почетна

Оваа сабота во Хомбу-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беше одржан семинар за Нагината, оружје од класичната јапонска борбена традиција Кукишин рју.

Школата чиј оснивач е Јакушимару Курандо Таканао е позната по цврстиот начин на борба, а со оглед на големината на Нагинатата, видлив беше напорот кај учесниците на настанот во следењето на подучувањето од страна на учителот Довезенски.

За време на настанот, беа повторени сите положби на телото (камае), како и катите на школата.

Јуми Ја семинар

Posted on Categories Почетна

Како и секој семинар за лак и стрела (ЈумиЈа) досега, така и последниот што во неделата се одржа во шумата Млака во близина на Хомбу, предизвика огромен интерес кај учениците на Буџинкан Македонија.

Во прекрасна атмосфера зачинета со четири мети и пет лакови, членовите на Буџинкан Македонија имаа можност да гаѓаат користејќи неколку различни положби на телото односно техники.

На крајот на настанот, учесниците го искажаа своето задоволство од учеството и изјавија нетрпение до следната средба.

Какуши Буки

Posted on Categories Почетна

На задоволство на сите учесници, семинар за скриени нинџа оружја (Какуши Буки) се одржа во саботата во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

За време на настанот, учителот Игор Довезенски подучуваше техники со Кусари Фундо, Танбо, Шурикен, Кунаи, Сунтетсу и Танто.

Сите присутни беа презадоволни од предавањата, а членовите од почетничката група кои за прв пат беа на семинар во Хомбу, покажаа интерес за повторно учество.

Отсучи во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Годинешниот редовен семинар за Отсучи (голем самурајски чекан), се одржа во неделата во Хомбу-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Покрај членовите на Буџинкан Македонија, на семинарот учествуваше и практикант од Република Србија, со што настанот доби меѓународен карактер.

Инаку, да се вежба и да се управува со чеканот тежок речиси 10 килограми, навистина бара многу напор и телесна сила, па токму поради тоа учителот Игор Довезенски вложува голем напор да ги предаде тајните на ова орудие на сите заинтересирани за него.

Одржан семинарот за Чигирики

Posted on Categories Почетна

Еден ден по Таихенџутсу, во Хомбу Доџото на „Пат кон Сонцето“ беше одржан и семинар за Чигирики.

Инаку, тренингот со ова необично орудие веќе одамна е ставен во редовната програма на Буџинкан Македонија, а членовите на Доџото постојано имаат можност да се усовршуваат со истото.

Остатокот од времето беше искористено за одлична дружба, како и за средување на јапонската зен градина.

Таихенџутсу семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Учесниците на саботниот семинар во Хомбу, за кратко време се уверија во зборовите на учителот Игор Довезенски кои тој ги искажа пред почетокот на настанот, дека Таихенџутсу е еден од најтешките физички предизвици за секој сериозен практичар на Нинџутсу. И навистина, веќе следното утро, болката што ги преплави мускулите на сите ученици им го докажа тоа.

На семинарот се вежбаа сите Таихенџутсу техники од школата Тогакуре рју Нинџутсу, а четирите саати минаа многу брзо. Меѓутоа и покрај се’, најважната цел беше остварена – сите направија чекор напред за мал напредок во техниките кои се многу важен дел од Нинџутсу вештината.

Танбо семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Возбудлив семинар за борба со кратка палка (Танбо) вчера беше одржан во Хомбу-то на „Пат кон Сонцето“.

За време на настанот, учителот Довезенски обрна посебно внимание на ударите и блоковите со Танбо, како и на МаАи (растојание) и на борбата со две палки истовремено.

Учесниците беа презадоволни од наученото, а според интересот најверојатно семинарот со Танбо почесто ќе биде на распоредот на настани во Хомбу.

Одржан семинар за Оно

Posted on Categories Почетна

Еднодневен семинар за Оно (Голема самурајска секира) се одржа во саботата во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Присутните имаа одлична можност да се запознаат односно да ги усовршат техниките на користење на ова класично самурајско орудие кое во традицијата на Буџинкан е задржано во школата Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу.

Учителот Игор Довезенски како и секогаш на висината на својата задача се потруди да им пренесе што повеќе детали на своите ученици кои секогаш гладни за поголемо знаење доаѓаат на тренинзи во стожерното Доџо во долината на Липац.

Уште две нови носителки на признанието „Генин“

Posted on Categories Почетна

Ќерките на учителот Игор Довезенски, за време на неделниот семинар за Шинден Фудо рју Иаиџутсу, се здобија со бронзени „Генин“ медали.

Така, Косара и Ксенија Довезенски се шестиот и седмиот член на Буџинкан Македонија, што се здобиле со ова високо признание.

Инаку, бронзените медали „Генин“ се доделуваат после десет години редовно и посветено вежбање во „Пат кон Сонцето“, како признание за залагањето и лојалноста кон доџото, соборците и учителот.

Неделен семинар за Иаиџутсу

Posted on Categories Почетна

Еден ден по семинарот за користење нинџа мрежа (Тоами), во Хомбу-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа и семинар за брзо извлекување и симултано сечење со јапонски меч (Иаиџутсу).

Поради дождот кој паѓаше во текот на целиот викенд, овој настан се
одржа во внатрешноста на самото Доџо.

Во прекрасна атмосфера, беа пренесени многу техники од школата Шинден Фудо рју, кои учителот Довезенски несебично ги сподели со учесниците.