Петнаесет членови на Буџинкан Македонија учествуваа на вчерашниот „Џиссен Хеихо“ семинар. Повеќето од нив никогаш порано не се сретнале со овој систем на борба развиен од страна на шидоши Игор Довезенски, но импресиите после настанот им беа на највисоко можно ниво.
Поради ниските надворешни температури и динамичниот и жесток тренинг внатре во доџо-то, целата просторија беше исполнета со влага, а во одредени моменти, испарувањата од телата на вежбачите ја намалуваа видливоста предизвикувајќи завеса од ситни капки.
За време на настанот, се изучуваа и вежбаа техники од дакентаиџутсу, џутаиџутсу, нинпо не ваза и шиноби таисо. И покрај силниот ритам, ниту во еден момент тренингот не ја намали својата динамика односно сите учесници покажаа одлична воља за усовршување на телото и на умот.
Повеќе информации за Џиссен Хеихо ——> тука
Инаку, ова беше 28-иот по ред семинар за оваа година во „Пат кон Сонцето“, а последниот ќе се одржи следната недела.