Шестиот по ред традиционален семинар за Соџутсу (борба со копје), оваа година ќе се одржи на 29 март (2015). За време на овој настан, членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваат и ги усовршуваат тајните на борба со Јари (копје).
Како и секоја година, така и оваа инструкторот Игор Довезенски ќе предава нови техники, но и начини и стратегии за што поефикасно користењето на ова оружје.
„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу ги користи следниве оружја: Јари (копје), Оно (воена секира), О Тсучи (голем чекан), Тачи (меч) и Нагината. Легендата вели дека една вечер демон (Тенгу) му дошол на сон на основачот на вештината и го научил како да се бори со Јари. Овие техники и ден-денес се сметат за најголема тајна на школата.“
На семинарот можат да учествуваат сите заинтересирани ученици на доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето, без разлика на искуството или звањето.
Потребна опрема за вежбање: бокуто и јари (хакама за јуданши)
Тема: Силата на Јари
Ден: 29.03.2015 (недела)
Место: Слепо Коло
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад
Претходниот ден (сабота), за сите заинтересирани ќе се одржи тренинг во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ на тема: шурикен џутсу.
Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.