Легендарниот Летен Нинџа Камп со рекорден број учесници

Posted on Categories Почетна

Над триесет учесници од земјава и од странство во периодот од 4ти до 12ти август имаа можност да ја изучуваат древната школа Тогакуре рју Нинџутсу под водство на еден од најактивните кобудо учители во светот – Игор Довезенски.

Оваа година, летниот камп беше посетен од страна на поголема група ученици од Република Турција кои за прв пат учествуваа на овој легендарен настан. На крајот од кампот, воодушевени истакнаа дека никогаш порано не присуствувале на сличен настан кој нуди толку многу знаење и динамично вежбање на едно место.

Многубројните активности од утро до мрак, како и атмосферата која што секогаш е на највисоко ниво, го прави овој настан толку уникатен, што секоја година се повеќе луѓе од Македонија и од светот го посетуваат и црпат огромно знаење за време на истиот.

Пријавувањето за седумнаесетиот Летен Нинџа Камп е отворено од 1 јануари 2025 година (на полноќ), а се очекува најголемиот број на учесници да се пријават токму во првите 15 минути од новата година.