Лошите временските прилики проследени со дожд и грмотевици го спречија одржувањето на неделниот семинар Суи Рен, па така тој беше заменет со интензивен тренинг за Иаиџутсу (брзо извлекување и симултано сечење со самурајски меч).
Одржувањето на саботниот семинар за лак и стрела (Јуми Ја), донекаде беше успешно, иако дождот кој паѓаше за време на викендот го менуваше распоредот постојано.
Така, учениците успеава да ја поминат обуката за изработка на лак и стрела, меѓутоа, учењето на техниките за гаѓање беше попречувано од молњите и дождот.
За да не се случува ова и понатаму, беше договорено отсега овие две вештини да се предаваат за време на Летните Нинџа Кампови во август.