Во петокот, во доџо-то на Буџинкан Македонија во Скопје се одржа полагање за ученички (кју) степени.
Од мукју (без степен) во 10 кју преминаа учениците Дамјан Д., Нина Г., Кристијан Ј. и Дарко П.
За 8-ми положија Елена А. и Михаил Д., додека за 6 кју учениците Моника Ш. и Стефани Г.
За 4 кју положија Тина Д., Катерина Д., Филип А. и Тодор А., а за 2-ри Дарко Б., Благица С. и Антон П., со што се здобија со звање „семпаи“ (постари ученици).
На крајот од полагањето на сите учесници им беше укажано на грешките при изведбата на техниките, но и на целокупниот напредок во текот на последното шестмесечје. Така, сега од сите нив се очекува соодветен напредок согласно укажувањата и советите.
Следното полагање е закажано за во декември.