Одржан меѓународниот семинар со Марио Де Мол

Posted on Categories Почетна

24042012033920986rt7.jpgПет дена неверојатно дружење со Марио Де Мол. Пет дена исполнети со тренинзи, другарство и смеење. Пет дена прошетки по планини, извори, цркви, манастири и национални ресторани. Пет дена кои засекогаш ќе бидат запаметени.

На семинарот учествуваа над дваесет ученици од нашето доџо, како и претставникот на Џиненкан за Германија, Оливер Фукс. Се обработуваа неколку техники од Кенџутсу и Тантоџутсу, во кои мораме да признаеме дека навистина уживавме. Знаењето на Марио е на навистина високо ниво, а неговата вештина е неверојатна. Тој на најдобар можен начин ја оправда довербата на неговиот учител Фумио (Унсуи) Манака да го носи највисокото звање во организацијата Џиненкан.

За квалитетот на семинарот нема потреба да се зборува, бидејќи тоа може да се почуствува само со лично учество. Уште еднаш докажавме дека припадноста на различни организации воопшто не е пречка за соработка, но само доколку се вежба на правилен начин: напорно, искрено и пожртвувано.

Уште еднаш благодарност до Марио Де Мол за сето прекрасно време поминато заедно и за несебичната помош при преносот на знаењето од областа на традиционалните боречки вештини.
ОСУ!!!