Во неделата, во скопското Доџо на Буџинкан Македонија се одржа хуманитарна Работилница за деца со аутистичен спектар на нарушување и пречки во развојот. На истата присуствуваа десетина дечиња кои имаа можност да го вежбаат системот Шиноби Таисо, со цел да ги подобрат вештините на локомоторниот апарат.
На бесплатната Работилница учество земаа и нашите пријатели – дефектолозите од Здружението за рана стимулација, развој и игра кај деца „Креатива Исток“, како и професионалците од „Логотека Пеперутка“. Сите заедно здружени со една цел – да се олесни животот на дечињата кои имаат разни пречки во својот развој.
По завршувањето на настанот, на дечињата им беа доделени дипломи и беџеви за учество кои предизвикаа голема насмевка на нивните лица.
Доџото за изучување на јапонски класични Нинџа и Самурајски вештини „Буџинкан Македонија“ е познато по својата хуманитарна работа, а инструкторот Игор Довезенски, заедно со своите ученици, отсекогаш помагале и се залагале за општество еднакво за сите кои живеат во Република Македонија.