Во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“, викендов се одржа семинар за Анма – Јапонска Масажа.
На настанот шидоши Игор Довезенски подучуваше методи за масирање на главата, лицето и на вратот, при што учесниците имаа можност во најситни детаљи да се запознат со овие далекуисточни техники кои во минатото служеле за одржување на здравјето и на виталноста на телото.
По завршувањето на семинарот, секој партиципиент беше задолжен да демонстрира до кој степен го совладал материјалот кој беше предаван во саботата и во неделата. Според оценката на учителот Довезенски, членовите на доџото се на добар пат да се стекнат и со вештините кои ќе им овозможат да помагаат на луѓето околу себе.
На следниот Анма семинар, покрај повторувањето на материјалот, инструкторот ќе предава и техники за масирање на грбот.