Два дена по враќањето од Јапонија, шидоши Игор Довезенски одржа семинар во Хомбу Доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“ со наслов „Нихон но Канкаку“ односно „Чувствата од Јапонија“.
За време на семинарот Довезенски се трудеше да ги долови моментите и техниките кои тој ги вежбаше со своите јапонски учители, за време на тринеделниот престој во Земјата на Изгрејсонцето.
Во текот на двата дена за викендот што измина, инструкторот на Буџинкан Македонија предаваше техники на борба со тело (Таиџутсу), но и со користење на разни оружја како што се: Катана (меч), Ханбо (краток стап), Кунаи (метална алатка која служела за копање), Шуко (метални канџи) и Танто (нож).
Во саботата вечерта, Довезенски одржа и шестчасовно предавање при што преку фотографии и снимки се обиде да го доближи искуството стекнато за време на престојот во Јапонија.