Водачот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, во саботата одржа еднодневна обука за гаѓање со шурикени. На настанот учествуваа шестмина членови на Буџинкан Македонија од различни возрасти и степени на знаење.
За време на обуката, учителот Довезенски предаваше техники на гаѓање од најразлични положби на телото, како при мали, така и при големи растојанија.
Обуката за гаѓање со проектилни оружја (Шурикен Џутсу) вообичајно се изведува еден ден пред семинарот со копје (Јари), при што секогаш се внимава да се поправат сите грешки кои почетниците најчесто ги прават при вежбањето на оваа стара јапонска вештина.