Во скопското доџо на Буџинкан Македонија, инструкторот Игор Довезенски вчера одржа четиричасовен Не Ваза семинар на кој учествуваа неколкумина членови на доџо-то.
На настанот се изучуваа и вежбаа техники на транзиција односно преминување од една во друга положба кога противникот е во офанзива (Таи Нагаши), потоа контра техники (Каеши Ваза), како и зафати и давења (Кансетсу и Шиме Ваза).
На наше големо задоволство, на семинарот учествуваше и Менка Стојаноска, македонскиот неколкугодишен шампион во БЏЏ, Борење, како и во други дисциплини во кои борбата на земја е приоритет. Како девојка која првите чекори во јапонските боречки вештини ги започнала токму во нашето доџо, Стојаноска секогаш ќе биде добредојдена и ќе ја има нашата подршка во текот на својата кариера.
Ова воедно беше последниот семинар во доџо-то во Скопје, а веќе од следната недела, Хомбу Доџо-то ги отвора вратите за своите членови, како и за останатите граѓани кои сакаат одблиску да се запознат со традиционалните јапонски боречки вештини.