Дали сте знаеле дека природната фрекфенција на планетата Земја е 7,83Hz? Или дека електро-смоговите (загадувањата) ја нарушуваат оваа природна фрекфенција која меѓудругото го одржува силен нашиот имунитет? А познато Ви е дека нашиот биолошки систем осцилира на оваа фрекфенција создавајќи хармонија со магнетниот систем на земјата односно со истата фрекфенција во која евоулуирал животот на планетава?
На семинарот насловен како „Движи за Хармонија“, шидоши Довезенски ќе ги обелодени сознанијата од истражувањата за тоа како јапонските воини во минатото се поврзувале со природата преку практиката наречена Шинрин Јоку 森林浴 односно Капење (прочистување) во шумата.
Истовремено, ќе бидат презентирани стари традиционални техники за зголемување на телесната и менталната хармонија преку разни движења, но и начини на дишење и стимулирање на енергијата преку притисок и масажа на одредени делови на телото.
Да не откриваме повеќе, Ве очекуваме на 27 јануари (сабота) во 11.00 часот во доџо-то на Буџинкан Македонија, да го споделиме знаењето кое уште повеќе ќе го подигне квалитетот на нашите животи.
Семинарската такса изнесува 500 денари, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.