Завчера во доџото на Буџинкан Македонија во организација на секцијата „Нинџа Клинци“ се одржа првиот детски нинџа маратон.
Овој настан редовно ќе се повторува еднаш месечно во текот на зимските месеци (ноември, декември, јануари и февруари), при што најмладите наши вежбачи од двете групи ќе можат да се дружат меѓу себе преку тренинг и преку забава.
Самиот настан е замислен да трае пет саати, а дечињата ќе ги подучуваат неколку инструктори на Буџинкан Македонија, кои покрај боречки, ќе им предаваат и некои други јапонски вештини, како што се оригами, чадо, шодо, итн.
На првиот „Детски Нинџа Маратон“, учество земаа шидоши хо Марко Опачиќ кој предаваше техники за самоодбрана за деца, потоа шидоши Игор Довезенски, кој ги подучуваше Таихенџутсу, потоа семпаи Таки Гаковски кој предаваше за Оригами, како и кохаи Сања Симонова и кохаи Филип Трајановски кои беа во улога на асистенти.
Следниот маратон ќе се одржи во текот на месецот јануари.