Членовите на нашето доџо, како и некои наши пријатели кои имаат желба да научат како да си помогнат себе си и да им помогнат на другите, учествуваа на денешната нова едиција на Шиноби Таисо.
Инструкторот Игор Довезенски токму така го најави овој семинар, бидејќи покрај основните техники од Џунан Таисо, за прв пат јавно демонстрираше и техники од Ки Ундо (третото ниво на Шиноби Таисо).
Учесниците имаа можност да го зголемат своето знаење од областа на акупунктурните точки, јапонската масажа, како и од манипулциите на скелетот со цел да ги корегираат неправилностите настанати при неправилното држење на телото.
Покрај ова се повторија и веќе добро познатите вежби за враќање на рамнотежата во мускулите.
Ова беше уште еден преубав ден исполнет со многу љубов, знаење и позитивна атмосфера во доџото.