Уште еден Чигирики семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Вториот по ред Чигирики семинар за оваа година се одржа во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија.

Во неделата дворот на Хомбу-то ечеше од извиците на Воините на доџото кои со неверојатна жестина ги вежбаа техниките со ова класично јапонско оружје, кое секогаш предизвикува задоволство кај членовите.

Учесниците имаа можност да ги вежбаат и повторуваат сите најмали детаљи кои ќе им помогнат подобро да ги совладат тајните на Чигирики.

Атмосферата како и секогаш беше крајно позитивна или како што членовите на доџото милуваат да кажат – семејна.

Следниот викенд е резервиран за семинарот насловен како 10.000 П.Н.Е.

Одржан семинарот ЈумиЈа Џутсу

Posted on Categories Почетна

Како се изработува примитивен лак за гаѓање, како се користи, од кои положби се стрела кон противникот, историјата и психологијата на оружјето, разни борбени сценарија – сето ова шидоши Игор Довезенски го предаваше на своите ученици за време на саботниот семинар што се одржа во Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија.

На настанот учествуваа околу десетина членови на доџото, кои докажаа дека многу брзо можат да ги совладат техниките кои пред неколку векови биле користени од страна на јапонскките Нинџа Воини. А сето тоа поради редовниот тренинг и посетата на семинарите, кои секако помагаат во совладувањето на основните принципи кои се темел на сите традиционални јапонски боречки вештини.

Нинџа Клинци-те на Буџинкан Македонија по шести пат го окупираа Хомбу Доџо-то

Posted on Categories Почетна

Во саботата што измина нашите најмали Воини извршија уште еден успешен десант на Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија, при што по шести пат ги освоива срцата на нивните инструктори.

Овој пат тема на семинарот беше борбата на земја односно Нинпо Не Ваза, а Нинџа Клинците покажаа солидни знаења и уште поголема желба да научат некои нови алатки кои ќе им помогнат во понатамошниот развој како личности, но и како идни Кобудоки.

Со оваа екскурзија завршија сите зимски и пролетни настани поврзани со најмладите членови, така што останува да се подготвуваме за најголемиот настан: Детскиот Летен Нинџа Камп.