По завршувањето на семинарот, една од учесничките ги сподели своите импресии на интерниот Форум.
„Го завршивме и второто ниво на Шиноби Таисо. За време на двата дена поминавме многу теорија преку која Сенсеи детално и систематски ни ги објасни сите работи кои се важни за нас, најпрвин од аспект на вежбачи на боречки вештини, а потоа и како идни предавачи на системот.
Сега сфаќам дека се што правиме во доџо за време на редовните тренинзи си има своја поврзаност од почеток до крај и дека Сенсеи преку овој систем одржува неделен, месечен, па дури и годишен кондициски баланс кај сите нас. Во многу наврати зборувавме за триаголникот ’тренинг-исхрана-одмор’ и како треба да се конципира еден тренинг, во зависност од резултатите што сакаме да ги постигнеме. Научивме и како треба да се балансира исхраната за да се видат резултатите, но и колку и како треба да се одмара, затоа што мускули се ’прават’ со тренинг, а благодарение на исхраната односно за време на
одморот!
Во однос на практичниот дел, поминавме еден изометриски тренинг за зголемување на издржливоста, а потоа и тренинг со помош на хидраулична справа, каде посветивме внимание на тоа какви резултати се добиват кога се оптоваруваат конкретни мускули на телото и како треба да се програмираат сериите и повторувањата. Во продолжение на семинарот одржавме тренинг при што ја користевме само сопствената тежина, а таквиот начин на вежбање има огромна предност бидејќи може да се изведе секогаш и секаде.
Семинарот го завршивме со тренинг на отворено каде што вежбавме со реквизити кои нудат огромна можност за зголемување на издржливоста и силата. Тука особено внимание посветивме на правилниот начин на движење при самата изведба.
И на крајот да ви повторам дека Хомбу доџо-то е право место за освежување на телото и на духот. Внатре е како музеј, а надвор како од бајка. А овошната каша што ја пиевме не можете ниту да замислите каква беше. Секој витамин и минерал од тие природни и непрскани плодови толку силно се чувствуваше“.