Одржан семинарот со инструкторот Довезенски во Романија

Posted on Categories Почетна

Викендов што измина, во романскиот град Јаши беше одржан семинар на кој инструкторот Игор Довезенски подучуваше техники на борење со меч (кенџутсу), како и начини на борба со стап (боџутсу). Настанот беше организиран од страна на водачот на Шинган Доџо, Каталин Сореану, а на негово барање беше од затворен тип односно наменет само за напредните членови на неговото доџо. 

Во текот на првиот ден, Довезенски ги предаваше техниките на брзо извлекување и симултано сечење со јапонски меч (иаиџутсу) од седечка и од стоечка положба, како и основите на борба со катана.
Следниот ден, главно се вежбаа основите на борба со стап, а при крајот на семинарот Довезенски подучуваше и некои понапредни техники на боџутсу. 
Како и секогаш, домаќинот Каталин Сореану се покажа како одличен организатор кој внимава дури и на најситните детаљи, а исто така и неговите ученици се погрижија целиот семинар да помине во неверојатно одлична атосфера. 
  
На крајот, инструкторот Игор Довезенски сака да се заблагодари на сите учесници од Шинган Доџо за добриот тренинг и за времето поминато во смеење и дружење. 
До следниот пат…