Одржана Работилницата за Самоодбрана за Жени® VI

Posted on Categories Почетна

Иако по бројот на учеснички најмала досега, според атмосферата, квалитетот и содржината, шестата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“ воопшто не заостануваше од претходните. 

Првиот ден од Работилницата беше посветен на изучување на техники за самоодбрана од напаѓач кој со удари се обидува да изврши насилство и да внесе страв, како и техники на одбрана кога жртвата е соборена на земја. За време на вториот ден, учесничките повеќе се концентрираа на техники за ослободување од зафати на земја, како и контрола врз противникот кој се обидува да изврши сексуален напад. 
Како и секогаш, атмосферата за време на Работилницата беше совршена, а тренингот исполнет со многу смеа и позитивна енергија. За време на паузите, покрај дружењето, учесничките се искачија на блискиот рид познат под името „Папине Чуке“ каде што уживаа во чистиот воздух и недопрената природа која што го опкружува Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на традиционални јапонски боречки вештини „Пат кон Сонцето“.