Преживеавме

Posted on Categories Почетна

26072010070708Pre2.jpgОд осум пријавени
учесници на овогодинешното Преживување, седумина преживеава. Четворица од нив
беа ветерани, на кои ова им беше четврто Преживување, додека останатите тројца
беа „гуштери“. Еден од почетниците се откажа во текот на првиот ден, но сепак,
се здоби со едно големо искуство кое ќе му помогне следната година успешно да
се справи со кризите кои се јавуваат во текот на овој семинар.

Првиот ден почна
стандардно со кондиционен тренинг (џунан ундо и атеми но танрен). Потоа започнавме
со изградба и средување на кампот. Следуваше уште еден тренинг, а потоа силен
марш до друга локација, каде што се одржа кенџутсу и шурикен кеико, по што се
одржа предавање (куден). Денот заврши со тренинг за развивање на шестото сетило
(харагеи). Секако, седнувањето на задник не беше дозволено во текот на двата
дена.26072010070724Pre3.jpg
Распоредени на стража,
учениците на Буџинкан Македонија се погрижија ноќта да помине во најдобар
ред.

Следниот ден, започна
повторно со кенџутсу и тоа уште пред изгрејсонце. Првите сончеви зраци ги
дочекавме изведувајќи техники со бокен, напаѓајќи и блокирајќи ги ударите упатени од
страна на нашите „противници“. Потоа повторно марш до С’мкнено, каде што како и
секоја година ја обновивме силата со медитација под карпа издлабена од водопад што
во текот на зимата тече на тоа место. Продолживме со вежбање, најпрвин со
таиџутсу, а потоа повторно со бо шурикен.

26072010070650Pre1.jpgПо завршувањето на
тренингот уште еднаш се „фрливме“ на средување на просторот и изградба на
пристапни патеки кон јужниот дел од кампот. Откако успешно ја завршивме и таа
задача, повторно со силен марш се упативме кон местото „Стари Лозја“ каде што
го уредивме светиот крст посветен на „Свети Трипун“. Во 13.00 часот, вториот
ден, за прв пат беше дозволено да се седне на задник, со што започна
традиционалното „чмаење“, при што, повторно се одржаа неколку кратки
предавања (куден). Во 16.00 часот семинарот заврши.

И оваа година се покажа
дека после три Преживувања, нашите ветерани немат никаков проблем да издржат
26072010070739Pre4.jpgпод било какви услови и притисоци. Тие речиси и да не покажаа никаков замор во
текот на двата дена. Од почетниците, одлични резултати покажа Катерина Д., која
успеа да преживее при првото нејзино учество. Исто така им честитаме и на
Драган Н. и Горан М., кои за разлика од минатата година, оваа успешно го завршија
семинарот, со што докажаа дека упорноста секогаш се исплатува на крајот.

Се надеваме дека
следната година уште повеќе наши ученици ќе се обидат да го поминат овој тест.