Одржан семинарот Јуми то Ја

Posted on Categories Почетна

09052010121631lak756.jpgПод синиот небесен свод,
под златножолтото сонце, на ридот над местото С‘мкнено, учесниците на семинарот
Јуми и Ја (лак и стрела) денес ги учеа и усовршуваа своите вештини. 

Како и секогаш, најпрвин
инструкторот Игор Довезенски почна со предавање за историјата и филозофијата на
ова оружје, а веднаш потоа почна да ги подучува своите ученици на тајните за
изработка на добар лак и стрела.

По ова, се започна со гаѓање во мета со користење на различни положби на телото (камае)
и 09052010121611lak356.jpgтоа од две школи (рју-ха), се додека прстите на рацете не отрнаа од држењето
на стрелата и конопот.

Откако се совладаа
основите, инструкторот Довезенски покажа две техники на гаѓање во трк (странично
и фронтално), како и техники на групно гаѓање.

Како и секогаш на
семинарите во природа, постојано се покажуваат и учат нови сегменти од нинџутсу, се учи како
да се живее во хармонија со природата и подобро се запознава нашата земја која
постојано изненадува со својата безвременска убавина.