Одржан семинарот Гокуи Не Ваза

Posted on Categories Почетна

24012010122451Grupnjak.jpgВо Хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија, под водство на инструкторот Игор Довезенски, викендов се одржа семинар на тема Гокуи Не Ваза (Тајните на борба на земја).
На семинарот присутвуваа 21 учесник, кои два дена обработуваа техники на голорака борба во седечка и лежечка положба.

24012010122508Nevaza2.jpgСеминарот започна со мини предавање за историјата на техниките на Не Ваза, за веднаш потоа да продолжи со изведување на различни Таисо вежби, по што се пристапи кон изучување на Атеми Кју Шо, Укеми Таихенџутсу и Камае.
Втората сесија од првиот ден беше посветена на техниките на задржување и контролирање на противникот Осае Ваза.

За време на првата сесија на вториот ден, учениците имаа можност да научат шест техники на „заклучување“ на зглобовите на противникот односно Кансетсу Ваза, како и многу варијанти на истите.
Последната сесија на семинарот беше посветена на техниките на давење односно Шиме Ваза. Инструкторот Довезенски демонстрираше и детаљно објасни девет техники од оваа група, но и неколку варијанти на истите.

24012010122500Nevaza1.jpgИ покрај големата болка предизвикана од реалниот начин на тренинг, но и од тврдиот паркет во нашето доџо, учениците (речиси сите) успешно го завршија семинарот презадоволни од техниките вежбани во текот на двата дена.