Како и секоја, така и оваа година, семинарот „Силата на Јари“ предизвика големо внимание и привлече многу ученици на Буџинкан Македонија да земат учество на овој традиционален настан.
Силата на Јари V
Петтиот по ред традиционален семинар за Соџутсу (борба со копје) ќе се одржи на 23 март, 2014 година. За време на овој настан, членовите на Буџинкан Македонија ги изучуваат и ги усовршуваат тајните на борба со Јари (копје).
Секоја година, инструкторот Игор Довезенски предава нови аспекти од вештината, подучува нови техники, начини и стратегии за што поефикасно користењето на ова оружје.
„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу ги користи следниве оружја: Јари (копје), Оно (воена секира), О Тсучи (голем чекан), Тачи (меч) и Нагината. Легендата вели дека една вечер демон (Тенгу) му дошол на сон на основачот на вештината и го научил како да се бори со Јари. Овие техники и ден-денес се сметат за најголема тајна на школата.“
На семинарот можат да учествуваат сите заинтересирани ученици на доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.
Потребна опрема за вежбање: бокуто и јари
Тема: Силата на Јари
Ден: 23.03.2013 (недела)
Место: Слепо Коло
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад
Пријавување и информации преку инбокс, телефон или на Форум.
Македонија доби нов Шидоши-хо
Во Хомбу Доџо-то на Организацијата за изучување на традиционални јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, денес се одржа полагање за шодан (прв дан). По успешната презентација на своето знаење, нашиот долгогодишен член Зоран Тодоровски се стекна со мајсторското звање „шидоши хо“ и со тоа стана четвртиот Македонец носител на оваа престижна титула. Новиот јуданша, успеа да дојде до неа после седум години непрекинато и редовно вежбање во Буџинкан Македонија и учество на многу меѓународни и домашни семинари. Успехот е уште поголем, доколку се знае колку е строг начинот на оценување на знаењето во организацијата Пат кон Сонцето и ригорозноста на главниот инструктор, шидоши Игор Довезенски.
Одржан семинарот „Харагеи“
Во фантастична атмосфера, денес се одржа семинарот во природа „Харагеи“. Инструкторот Довезенски ги подучуваше своите ученици како да ги забележат промените во околината, преку вежбање на дванаесет техники одбрани за овој настан.
Еве како дел од учесниците го доживеава семинарот.
Одржан семинарот за почетници „Будо но Кисо“
Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, со помош на својот асистент Марко Опачиќ, успешно го завршија семинарот за почетници Будо но Кисо. Како што самиот наслов кажува, за време на настанот учениците имаа можност да ги проучуваат основните принципи на боречките вештини, преку вежбање на две кати од секоја школа што се изучува во Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Шошинша и Кохаи семинар „Будо но Кисо“
Водачот на Организацијата за изучување на јапонски традиционални борбени вештини – Пат кон Сонцето, Игор Довезенски, ќе одржи еднодневен семинар за почетниците и за помладите ученици. Целта на овој настан ќе биде запознавање со школите кои што се изучуваат во нашето доџо, преку вежбање на основите.
„Харагеи“ семинар во природа
Хара ( 腹 ) е јапонски збор за стомак, додека Геи ( 芸 ) означува уметност. Меѓутоа, во боречките вештини зад овој збор се крие комплетен принцип на внатрешна и надворешна комуникација преку самоспознавање и навремено откривање на промените кои се случуваат наоколу. Учителите за Зен, со векови наназад подучуваат дека дишењето со Хара (стомак) го чисти умот од секакви мисли и овозможува поглед длабоко во себе. Токму тоа согледување на внатрешните и на надворешните промени, се верува дека на воинот ќе му овозможи навреме да ја препознае опасноста и истовремено да реагира. Ваквиот тренинг за култивирање на внатрешната енергија, познатиот зен-монах Такуан Сохо го нарекувал „вежба на неподвижниот ум“.
Ден: 23.02.2014 (недела)
Место: Еленачки Кладенац
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
09.00 – 16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 – враќање назад
Одржан Семпаи Кеико
Овој пат место извештај за семинарот „Семпаи Кеико“, пренесуваме дел од мејлот испратен од шидоши хо Марјан Прошев.
„Многу ми се допадна и целосно ја подржувам идејата за одржување на семинари за семпаи. Сиот тој интензитет на вежбање и
надоградување на нашата техниката, како и
одличната атмосфера, беше добро навраќање на деновите кога нашата генерација не пропушташе ниту еден тренинг. И ние кога почнавме, не се разликувавме
од почетниците кои денес вежбаат во доџо-то и даваат се од себе. Како што напредувавме, се повеќе се пронаоѓавме во вештината и секој од нас го добиваше тоа што го бараше.
Жал ми е што денес некои од постарите членови, меѓу кои сум и јас, не се толку активни како порано. Поминавме многу години заедно и денес сите чекориме по својот Пат. Знам дека сите се
обидуваме да го следиме вистинскиот Пат, но за жал не можеме сите да се одржиме на него. Овој семинар ме потсети на тоа како беше некогаш. Се докажа дека и покрај се, со
луѓето со кои си поминал многу години во тренинг, семинари и кампови, се изградила меѓусебна почит. Кога после подолг временски период ќе се сретнеш во доџо со тие исти луѓе, се уште се чувствува почитта што секој ја има заслужено. Привилегијата да вежбаме корју ја добивме, а почитта треба самите да ја
стекнеме. Мислам дека тоа е лекцијата што младите членови треба да ја научат. Повеќето од нив се надежни и горе-долу на иста возраст, а секој сака да
биде над другиот. Тоа може да донесе само проблеми и ништо повеќе. Мило ми е што гледам се повеќе млади кои се подготвени да
го прават тоа што ние го правевме“.
Семпаи Кеико
Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, на 2 февруари ќе одржи семинар за сите постари ученици во доџо-то, на тема: Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу. Тоа значи дека на настанот можат да учествуваат само тие кои имаат звање семпаи односно степен од 2 кју (па нагоре).
Ова ќе биде одлична можност за сите наши постари членови да го усовршат своето знаење, а воедно и да ги испробаат своите техники без страв за безбедноста на почетниците или со еден збор (по нашки) да се „излупаат на раат“.
Одржан четвртиот по ред „Зимски Нинџа Тренинг“
На четвртиот по ред „Зимски Нинџа Тренинг“, двајца од учениците на шидоши Игор
Довезенски беа тестирани за познавањето на вештините за преживување во зимски
услови. При тоа, шидоши хо Марко успешно го положи тестот и се здоби со сертификат, со што се потврдува неговото знаење и од оваа ообласт.
Пред започнувањето на семинарот, сите учесници беа поделени
во два тима, со кои раководеа шидоши хо Марко Опачиќ и кохаи Тодор Ангеловски. Потоа им беа дадени насоки и задачи кои требаа да ги исполнат во рок од шест часа. На крајот, шидоши Довезенски ги оценуваше водачите по 17 критериуми за изградба на
засолниште, изработка на оружје и замки, како и познавање на околината и природата околу себе. Потоа следеа 10 прашања, по што се собраа бодовите кои го покажаа нивото на знаење кај учесниците.
Иако кохаи Тодор Ангеловски не собра доволно бодови за да го положи тестот, сепак покажа одлични познавања на вештините за зимско преживување, а со оглед на неговите години и младост, како и темпото со кое ги изучува техниките, сигурни сме дека на следното тестирање ќе покаже одлични резултати.
По завршувањето на семинарот, шидоши хо Марко, на интерниот Форум, го објави следниот текст:
„Мислам дека не постои сертификат, диплома или појас кои се поголеми од зборовите на Сенсеи дека е задоволен од своите ученици. Ова е доказ дека претходните учества на семинарите не биле залудни, дека жртвувањето и трудот се исплателе и дека одредени ученици будно го следеле секое негово предавање.
Искрено, пред започнувањето на настанот имав мал страв од тоа да не го разочарам Сенсеи, особено што сум единствен со ’три зимски преживувања’ и особено што на семинарот присуствуваа ученици кои почнаа кај мене да ги изучуваат вештините. Оттука,
не сакав ниту нив да ги разочарам. Неколку дена претходно ги проучував белешките што сум си ги пишувал и мислам дека сето тоа вроди со плод. Добро се организиравме со моите помошници, послушноста и трудот им беше на завидно ниво во текот на целиот ден и дури им оставив многу важни работи да сработат, за да
видам како ќе се снајдат. Презадоволен сум од сите нив. Сенсеи потоа не оценуваше и ни посочуваше на недостатоците. Секако, ги имаше многу. По оценувањето, нашиот ’клан’ го доби сертификатот. Не велам дека е мој, затоа што без моите помошници немаше да дојдам до него. Михаил се повеќе навлегува во вештината, Мони веќе заличува на водач, а за Јован ова беше
одличен показател каде треба да се движи. Им благодарам. Честитки и за Тоше и за неговиот тим. Сега знае каде му се грешките и сигурен сум дека следниот пат ќе „растури“. Интелегентен е, но му недостасуваше искуство.
За Сенсеи незнам што да кажам, мислам дека е повеќе среќен за постигнатото од сите
нас. Не застануваме тука. Имаме уште за учење, уште многу работи за кои Сенсеи
ни посочи дека погрешно сме ги направиле, а тоа е одлична мотивација за следната година да бидеме уште подобри. Неговото учење е темелно, со многу примери, а истовремено е забавно, критички, разбирливо, поучно и најважно од се
– корисно. Беа потребни четири години за да ги совладам основите за зимско преживување. На почетокот учествуваш, следиш и помагаш. Потоа се обидуваш нешто и самиот да изработиш (засолниште, да запалиш оган, да изработиш замка). Тоа е
единствениот Пат и единствениот начин. Се гледаме следната година повторно. Честитки до сите што учествуваа, а до Сенсеи голема благодарност за подучувањето денес и за сите изминати години. Осу!!!“