Најновото интервју со учителот Игор Довезенски од вчера е закачено и на нашиот блог, со цел да остане архивирано од заборав.
Неделен Шиноби Таисо семинар
Учителот на Буџинкан Македонија, денес го одржа редовниот семинар за Шиноби Таисо инструкторите, при што беа обработувани нивоата Чуден (Џунан Ундо) и Окуден (Ки Ундо).
Посебен акцент беше ставен на модулите за исхрана (Еијо), дишење (Кокју Хо) и медитација (Мокусо).
Благодарение на овие семинари, лиценцираните Шиноби Таисо инструктори се повеќе го збогатуваат своето знаење и стекнуваат огромно искуство.
Одржан Детскиот Нинџа Самит VIII
Во саботата, под водство на шидоши хо Таки Гаковски, во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа осмиот по ред Детски Нинџа Самит.
На овој специјален настан наменет за најмладите членови на нашето доџо, присуствуваа над 20 дечиња, кои во забавна и семејна атмосфера уживаа во тренингот со нивниот инструктор.
За време на самитот, учителот Игор Довезенски одржа демонстрација со јапонски меч (катана).
Следниот Детски Нинџа Самит ќе се одржи во декември, а за најмалите воинчиња ќе биде подготвена и новогодишна лотарија.
Одржан седмиот БуЈуКаи во Турција
Традиционалниот пријателски семинар меѓу Буџинкан Македонија и Буџинкан Турција што се одржува два пати годишно во секоја од наведените земји, повторно ги собра љубителите на Нинџутсу во Истанбул. Седмиот по ред БуЈуКаи беше во организација на Хабураму Доџо и инструкторот Ерџан Шарбат.
Како и секоја година, екипата на Буџинкан Македонија простигна два дена порано во „градот на Царевите“, со цел да ужива во прошетките на синиот Босфор, како и низ старите калдрми на чаршиите. Дружењето помага во поголемо зацврстување на пријателството кое веќе долги години се негува меѓу членовите на двата клуба.
Покрај учесниците од земјата домаќин и од Македонија, имавме и учесници од Србија, со што семинарот ја продолжи меѓународната традиција на собирање на љубителите на Нинџутсу од повеќе земји.
Учителот на Буџинкан Македонија, оваа година одлучи токму во Цариград да го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, опкружен со своите деца, ученици и блиски пријатели, кои го изненадија со прекрасен поклон што веќе е закачен на ѕидот на Хомбу Доџото во Довезенце.
За време на настанот, Довезенски и Шарбат предаваа основни и напредни техники и принципи, а учесниците со уживање го впиваа знаењето собрано низ годините од страна на двајцата инструктори.
Следниот БуЈуКаи ќе се одржи на пролет во Македонија, а во план е едно големо изненадување за сите учесници на настанот.
Маркирајте го Вашиот календар уште сега и очекувајте го осмото продолжение на традиционалниот БуЈуКаи.
Одржан семинарот за КјокетсуШоге
Еден ден по семинарот за КусариГама, се одржа и семинар за КјокетсуШоге, настан кој исто така е дел од редовната програма на Буџинкан Македонија.
Преубавиот есенски ден само додаваше убавина на деветте кати кои учениците на Игор Довезенски неуморно ги вежбаа со цел да ги усовршат своите нинџа вештини.
Ова беше последниот семинар во Хомбу за 2024 година. Се гледаме следната сезона.
КусариГама во Хомбу Доџо
Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија во саботата се одржа еднодневен Тогакуре рју семинар посветен на необичното јапонско средновековно оружје КусариГама.
За време на семинарот, учесниците имаа можност да вежбaт десет техники со КусариГама, при што покажаа одлични резултати односно брзо успеава да ги разберат и да ги применат катите од оваа древна нинџутсу традиција.
Вечерта беше искористена за друштвени игри и опуштање во Хомбу-то кое после реновирањето изгледа уште попривлечно и плени со својата убавина.
Тогакуре рју Шурикен во дворот на Хомбу
Во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, денес се одржа семинар за Тогакуре рју Шурикени, при што учесниците ги вежбаа техниките на гаѓање со Сенбан и со Учи Бари.
Учителот Игор Довезенски успеа да го предаде целото деншо за нецели шест саати, благодарение на брзиот напредок и разбирање на материјата од страна на учесниците на настанот.
Следниот есенски редовен семинар во Хомбу ќе биде на 12 и 13 октомври, за кога се планирани техники од Кусари Гама и Кјокетсу Шоге.
Чигирики семинар во Хомбу
Во саботата се одржа редовниот семинар за Чигирики од годишната програма на настани на Буџинкан Македонија.
Во прекрасна есенска атмосфера зачинета со сончево и умерено време, надополнета со богатсвото на септемвриските бои и мириси, учесниците на семинарот имаа можност да ги повторат сите техники со Чигирики.
Како и секогаш, лојалните Семпаи дадоа свој допринос преку енергијата која ја вложија за време на вежбањето, а секако помогнаа и во пренесувањето на знаењето како мост меѓу учителот Довезенски и помладите членови на доџото.
Учителот на Буџинкан Македонија повторно предавач на Интернационалниот БуЈуКаи во Србија
Традиционално на средината на септември, учителот на Буџинкан Македонија подучува на српскиот БуЈуКаи што секоја година се одржува во гратчето Нови Бечеј, кое се наоѓа во северниот дел на нашиот сосед.
Настанот кој е замислен како собир на членовите на Буџинкан од земјите на Југоисточна Европа и на кој предаваат девет инструктори од неколку европски земји, секоја година привлекува се повеќе учесници.
Оваа година, учителот Игор Довезенски ја предаваше школата Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, а на молба на организаторот, во петокот одржа и дополнителен тренинг на кој ја подучуваше самурајската школа Даито рју Аикиџуџутсу.
Како и секогаш. предавањето на Довезенски е проследено со грмогласен аплауз и воодушевување, а по тренингот дузина учесници од различни земји му приоѓаа со желба да се запознаат лично и да се фотографираат со него.
Заедно со учителот, секоја година на семинарот учество земаат и членовите на Буџинкан Македонија, кои исто така предизвикуваат внимание со својата желба и посветеност кон Нинџутсу.
Промоција во Србија на првиот Буџинкан манга (стрип) во светот
Во рамките на манифестацијата “Здивот на Јапонија“, која е организирана со поддршка на градот Нови Бечеј (Србија), во саботата беше одржана промоција на првиот Буџинкан манга (стрип) во светот „Такаматсу во Кина“.
Настанот се одржа во просториите на градската библиотека во малиот и преубав град што се наоѓа на северот на Република Србија, а авторот Игор Довезенски имаше прилика да одговари на многубројните прашања поставени од модераторите на манисфестацијата, како и од страна на публиката.
Промоцијата привлече и новинари од локалните телевизии и портали кои направија неколку интервјуа со Довезенски.
Во моментов, авторот заедно со талентираниот уметник Таки Гаковски, работат на третиот дел од серијалот што го опфаќа животот на последниот јапонски оперативен нинџа Тошитсугу Такаматсу за време на неговите авантури во Кина.